„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
15.12.2025
Предлагачи група пратеници.
I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Законот за прекршоците како процесен закон со кој се регулира процедурата за постапување на прекршочните органи и судовите по прекршоци опфаќа многу области помеѓу кои и областа безбедност на сообраќајот на патиштата. Во последно време сме сведоци на зачестени прекршоци од областа на на сообраќајот на патиштата, при што како последица се зголеми бројот на сообраќајни несреќи со смртни последици, поради непочитување на законите од областа на сообраќајот. Исто така, постоечките прописи помеѓу кои и Законот за прекршоците не даваат можност за примена на новите технологи (систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање) кои можат да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и спроведување на процесот на санкционирање. Исто така, постоечкиот начин на достава не е ефикасен, поради што е потребно изнаоѓање на други соодветни решенија за брза достава. Материјата за безбедност на сообраќајот на патиштата е уредена со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата каде се пропишани конкретни пракршочни санкции за сторителите на ваков вид прекршоци. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците претставува неопходен правен инструмент за унапредување на безбедноста во сообраќајот нa патиштата, со акцент на воведување на модерни електронски системи за детекција и санкционирање на прекршоци. Со измените и дополнувањата се воспоставува посебна постапка за прекршоци констатирани со технички средства и уреди за снимање, вклучително електронска достава преку текстуални пораки или е-пошта, 50% намалување на глобата при доброволно плаќање во рок од осум дена, како и автоматско престанок на важење на возачката дозвола по акумулирање на три забрани во четири години. Овие измени ќе придонесат за зголемување на ефикасноста на постапката, намалување на административните трошоци и подобрување на општата превенција,заради што се предлага и нивното донесување. II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ Предлог законот се заснова врз истите начела како и досегашниот закон.