„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост

12.11.2025

 Надлежно е Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Цели на предлог регулативата:

Подобрување на вештините и зајакнување на капацитетите и самодовербата на лицата со попреченост преку нивно вклучување во системот за стручна рехабилитација;

- Активирање на лицата со попреченост на кои им е потребна поголема поддршка за обука на работното место преку сеопфатен и лесно достапен систем на стручна рехабилитација и поддржано вработување;

- Поголема застапеност и вклучување на лицата со попреченост во јавниот и приватниот сектор преку воведување обврска за квота за работодавачите како афирмативна мерка;

- Поттикнување на лицата со попреченост самостојно да извршуваат активности како самовработени лица и

- Зголемување на јавната свест за препознавање на попреченоста како дел од човековата различност и прифаќање на лицата со попреченост како рамноправни и правични граѓани во општеството.