„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2022 ГОДИНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР.97 ОД 19.4.2022 ГОДИНА)

20.04.2022

 Врз основа на член 34 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 287/21) и член 7 ставови (3) и (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 19 април 2022 година, донесе

П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2022 ГОДИНА
I
Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/22, 81/22 и 88/22), во делот IV ставот (7) се менува и гласи:
„Дел од средствата од ставот (1) на овој дел во износ од 130.000.000 денари се наменети за неподмирени обврски за реализација на мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделско производство" од програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години.“. 
II
Во делот VI во ставот (6) зборовите: „30 април“ се заменуваат со зборовите: „31 мај“. 
Во ставот (7) зборовите: „1 април“ се заменуваат со зборовите: „30 април“.
Во ставот (11) износот „445.000.000“ се заменува со износот „180.000.000“.
III
Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. 

Бр. 41-3586/1                                                                   Претседател на Владата 
19 април 2022 година                                               на Република Северна Македонија, 
Скопје                                                                              д-р Димитар Ковачевски, с.р.