„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНЦЕСИИ И ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР..89 ОД 11.4.2022 ГОДИНА)

12.04.2022

 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНЦЕСИИ И ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Член 1
Во Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Македонија“ број 6/12, 144/14, 33/15, 104/15, 215/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 153/19 и 261/19), по членот 41-а се додава нов член 41-б, кој гласи:
„Член 41-б
По исклучок од членот 41 став 7 од овој закон во случај кога не по вина на концесионерот ќе настане/се случи настан кој не може да се предвиди разумно при склучување на договорот, а кој влијае на предметот на договорот со последици врз финансиското работење на концесионерот и истиот настан влијае на потребата од продолжување на рокот на концесија утврден во договорот за концесија, концедентот може на барање на концесионерот, врз основа на поднесен извештај за финансиско работење и соодветна документација од која ќе биде видна оправданоста за предметното продолжување на рокот на важење на концесијата, да даде согласност за склучување на анекс на договор за продолжување на рокот на концесијата, но не подолго од две години и доколку до истекот на договорот за концесија има најмалку пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон.“.
Член 2
Одредбите од овој закон кои се однесуваат на можноста за склучување на анекс на договор за концесија ќе се применуваат шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Концесионерите кои до денот на влегувањето во сила на овој закон имаат склучено договор за концесија ќе можат да склучат анекс на договор за концесија согласно со одредбите од овој закон во рокот утврден од ставот 1 на овој член. 
Член 3
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.