„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.07.2025
Надлежно е Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Цели на предлог регулативата:
- Уредување и унапредување на постапките за доделување на концесии за експлоатација на минералните суровини со кои ќе се овозможи одржлива експлоатација и преработка на минералните суровини, како и зајакнување на мерките за безбедност, заштита на животната средина и здравјето на луѓето, така и од аспект на нивната цел и содржина;
- Уредување и прецизирање на постапката за едностран раскин на договорите за концеија за експлоатација склучени со концесионерите обврските кои произлегуваат од истите, од аспект на продедуралните дејствија, услови и рокови;
- Обезбедување на слободно движење на критичните суровини и производи кои содржат критични суровини пласирани на пазарот во и надвор од Република Северна Македонија, истовремено обезбедувајќи високо ниво на заштита на животната средина и одржливост, вклучително и преку подобрување на нивната кружностСе утврдуваат мерки за сигурно и одржливо снабдување со критичните суровини, вклучително и преку поттикнување на ефикасноста и циркуларноста низ целиот синџир на вредности.
- Воспоставување на систем и можност за поставување на мерен инструмент на товарената минерална суровина со кое ќе се овозможи поголема контрола.
- Донесување на Листа на стратешки минерални суровини и Листа на критични минерални суровини и признавање на проекти за експлоатација на стратешки минерални суровини како стратешки проекти;
- Дефинирање на постапката во однос на наплатата на концесиските надоместоци и казнената камата со што ќе се воспостави систем на поголема контрола на концесионерите кои вршат експлоатација на минерални суровини
- Овозможување на инвеститорите олеснување и ефективност во постапката за признавање на капацитети за експлоатација, преработка и рециклирање на стратешките минерални суровини, како стратешки проекти