„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARSCOV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА

31.03.2022

 Врз основа на член 28 став (8) и член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.257/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 март 2022 година, донесе 

О Д Л У К А 
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARSCoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА
Член 1
Во Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/20, 269/20, 275/20, 287/20, 292/20, 298/20, 304/20, 306/20, 317/20, 13/21, 45/21, 53/21, 55/21, 58/21, 64/21, 65/21, 75/21, 87/21, 94/21, 100/21, 106/21, 109/21, 113/21, 116/21, 119/21, 126/21, 133/21, 139/21, 141/21, 146/21, 153/21, 162/21, 176/21, 187/21, 193/21, 199/21, 204/21, 220/21, 234/21 и 237/21, 242/21, 261/21, 291/21 и 50/22), во член 6, во ставот 4 по точката 4. се додава нова точка 5. која гласи:
 „5. при посетување на настава во основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство“. 
Точките 5., 6. и 7. стануваат точки 6., 7. и 8. 
Член 2
Во член 13 точката 8. се брише.
Точката 9. станува точка 8. 
Во точката 10. која станува точка 9. зборовите „над 50 %“ се заменуваат со зборовите „над 75 %“. Точката 11. која станува точка 10., се менува и гласи: 
„10. Се забранува влез во секаков вид на објекти од затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), на посетители / гости / лица, без поседување и приложување на еден од следните документи:
  • сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 или 
  • сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Сертификатот/потврдата од ставот 1 алинеи 1 и 2 од оваа точка, не се однесува за лица под 18 годишна возраст.“
По точката 10. се додава нова точка 11. која гласи: „11. Се забранува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, без поседување и приложување на еден од следните документи: 
  • сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 или
  • сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Сертификатот/потврдата од ставот 1 алинеи 1 и 2 од оваа точка, не се однесува за лица под 18 годишна возраст.“
Во точка 12. во ставот 1 зборовите „точка 12 став 1 алинеи 1 и 2“ се заменуваат со зборовите „точка 10 став 1 алинеи 1 и 2 и точка 11 став 1 алинеи 1 и 2.“. 
Во ставот 3 зборовите „точка 12 став 1 алинеи 1 и 2“ се заменуваат со зборовите „ точка 10 став 1 алинеи 1 и 2 и точка 11 став 1 алинеи 1 и 2.“
Во точката 14. ставот 6 се брише. 
Член 3
Прилогот број 2., Прилогот број 4., Прилогот број 18., Прилогот број 32., Прилогот број 33., Прилогот број 34., Прилогот број 42. и Прилогот број 43., се заменуваат со нов Прилог број 2., Прилогот број 4., Прилогот број 18., Прилогот број 32., Прилогот број 33., Прилогот број 34., Прилогот број 42. и Прилогот број 43., кои се дадени во прилог и се составен дел на оваа Одлука. 
Член 4
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. 
Бр. 41-2085/2                                                            Прв заменик на претседателот 
29 март 2022 година                                  на Владата на Република Северна Македонија,      
Скопје                                                                              д-р Artan Grubi, с.р.