„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за дополнување на законот за данок на личен доход, по скратена постапка

30.06.2025

 Предлагачи се група пратеници

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на предлог на закон за изменување и дополнување на закон за данокот на личен доход е воведување на стимулирачки мерки за физички лица државјани на Република Северна Македонија, кои по определен престој и професионален ангажман во странство се враќаат во татковината и активно се вклучуваат во економскиот живот преку вработување или отпочнување самостојна дејност.