„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за архивски материјал и архивска дејност

11.06.2025

 Предлагач Владата на РСМ.

ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со Предлогот на закон се очекува постигнување пошироки општествени цели и тоа, унапредување и стандардизација на процесите на канцелариското и архивско работење, заштитата, чувањето, обработката и користењето на архивскиот материјал, како значајно културно наследство на државата и извор на колективната меморија на целокупното општество. Целта на овој закон е воедначено постапување при канцелариско и архивско работење. Во новото законско решение целосно се регулира продукцијата на службени електронски документи, како и чувањето, заштитата и користењето на електронскиот архивски материјал, преку формирање на Единствениот национален архивски информациски систем со што на Државен архив, како сервис на граѓаните, ќе му се овозможи полесно управување со архивските фондови и збирки, а на корисниците ќе им се овозможи полесен, побрз и поквалитетен пристап до јавните документи. Исто така со воспоставувањето на Информациски систем за канцелариско и архивско работење ќе им се овозможи автоматизација на работните процеси и компјутерска поддршка на сопственото канцелариско и архивско работење, имателот обликува електронски систем и применува програма (софтвер). Информацискиот системи за канцелариско и архивско работење имателите на јавен архивски и документарен материјал во јавниот сектор.