„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.05.2025
Предлагачи : Група пратеници
IЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на овој закон е да обезбеди интегриран, правно заснован одговор на трагичната несреќа што се случи во дискотеката во Кочани, преку систематско уредување на мерките за поддршка на настраданите лица и нивните семејства. Законот ги поставува следниве клучни цели: 1. Гарантирање на правата на настраданите лица преку обезбедување правна сигурност и пристап до социјални, здравствени и финансиски права на жртвите и нивните најблиски, преку јасно дефинирани обврски на институциите. 2. Финансиска поддршка која се регулира преку уредување на механизми за еднократна и долгорочна парична помош, со јасни критериуми и постапка, со цел намалување на економските последици од трагедијата врз настраданите лица и нивите семејства. 3. Психосоцијална и здравствена поддршка која се состои во обезбедување бесплатна и навремена психолошка помош, психијатриско советување, рехабилитација и здравствени услуги, со вклученост на специјализирани тимови и професионалци. 4. Социјална инклузија и рехабилитација со промовирање на мерки за вклучување на преживеаните и нивните семејства во образовната, социјалната и економската област. 5. Институционална одговорност и координација преку воспоставување на меѓуинституционални механизми за итна реакција, транспарентност и отчетност на институциите во справување со последиците од вакви настани.