„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа

08.05.2025

 Предлагач е Владата на РСМ

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основна цел на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа е да се подобрат функционалните аспекти на системот на локалната самоуправа, да се надминат правните празнини, недоречености и воочени потреби за усогласување во Законот за локалната самоуправа низ добро осмислени, аргументирани и целисходни нормативни интервенции. Посебните цели на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа се однесуваат на потребата да се унапреди транспарентноста и отчетноста на градоначалниците (преку уредување на постапка за референдумско изјаснување за доверба на градоначалниците), на советите како и на јавните служби во општините, учеството на граѓаните во одлучувањето за прашања од јавен интерес во општините, механизмите за осигурување на комунален ред во општините преку воспоставување на комунална редарска служба, воспоставување на општинските инспекторати, унапредување на безбедноста во заедницата, и да се воспостават соодветни механизми за еднакви можности за жените и мажите, спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, и дигитализација на општинските услуги.