„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за дополнување на законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка

07.05.2025

 Предлагач: Група пратеници

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Основни цели на Предлогот на законот за дополнување на Законот за урбанистичко планирање е предвидување на пократки рокови во дел од постапката за урбанистичките планови кои се однесуваат на објекти за производство на електрична енергија од обновливи извори (ветерна, сончева и хидро енергија), односно во делот на стручната расправа, како стратешка цел на Република Северна Македонија во делот на промоцијата и потребата од поголемо користење на обновливи извори на енергија.