„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка

07.05.2025

 Предлагач: Влада на РСМ

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на Предлог - законот е трансформација на наведените побарувања во влог на побарувањето на Република Северна Македонија по Договорот за подзаем за реализација на Проектот „Гасификација на Република Македонија - фаза 1 – делница Штип – Неготино – Битола и делница Скопје – Тетово - Гостивар“ со бр. 05-1977/1 од 11.12.2015 година, Анекс бр.1 кон Договорот за подзаем заверен со број 05-1499/1 од 10.10.2016 година, Анекс бр.2 кон Договорот за подзаем заверен со број 05-2307/1 од 10.05.2023 година и Анекс бр.3 кон Договорот за подзаем заверен со број 05-2307/6 од 05.12.2023 година, во Министерство за финансии заверен со број 15-10557/1 од 05.12.2023 година и во Министерство за транспорт и врски заверен со број 35-482/8 од 05.12.2023 година, Договор за регулирање на долг склучен на 14.12.2021 година, заверен кај доверителот под бр.11-11242/1 на 14.12.2021 година, а кај НОМАГАС АД Скопје со бр. 05-3688/1 од 14.12.2021 година и Договор за регулирање на долг склучен на 20.03.2023 година, заверен кај доверителот под бр.11-4526/1 на 20.03.2023 година, а кај НОМАГАС АД Скопје со бр. 05-1453/1 од 20.03.2023 година. Предлог на Законот, чие донесување се предлага се заснова на следниве начела: -зголемување на ефикасноста на работењето на АД НОМАГАС Скопје и -обезбедување на финансиска стабилност и солвентност на АД НОМАГАС Скопје.