„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за средното образование

05.05.2025

 Предлагачи: Група пратеници.

ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Во одредбите од Законот за средното образование не се опфатени и регулирани постапките за вработување на воспитувач во средно училиште кое во својот состав има ученички дом, условите кои треба да исполни лицето да се вработи како воспитувач, реализацијата на приправничкиот стаж и полагањето на стручниот испит и стекнувањето со уверение за положен стручен испит за воспитувач. Исто така потребно е и да се уреди и постапката за трансформацијата на работниот однос на воспитувач од определено во неопределено време. Со овој закон се воведува и нова категорија на административен службеник во средните училишта - советник за сметководствени работи (сметководител). Со цел да надминат овиe правни празнини во Законот за средното образование, се пристапи кон донесување на овој закон.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целите и начелата на овој закон се согласно целите и начелата во Законот за средното образование.