„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА ПРОГРАМАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗНАЧИТЕЛНИ ОПАСНОСТИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР. 51 ОД 9.3.2022 ГОДИНА)

12.03.2022

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Врз основа на член 89 став (5) oд Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија донесе
ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА ПРОГРАМАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗНАЧИТЕЛНИ ОПАСНОСТИ
Член 1
Со овој правилник се пропишува содржината на Програмата за спречување на значителни опасности.
Член 2
Програмата за спречување на значителни опасности (во понатамошниот текст: Програмата) ги содржи следните поглавја:
1) Цели на Програмата;
2) Надлежности за спречување на значителни опасности на органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа;
3) Структура на Програмата;
4) Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи;
5) Општи карактеристики и технички опис на објектите;
6) Идентификација на можните опасности и тоа:
- опасност од земјотреси и урнатини,
- опасност од поплави и уривање на големи брани,
- опасност од снежни наноси, голомразици и лавини,
- опасност од пожари и експлозии,
- пожарна оптовареност,
- опасност од свлечишта и лизгање на земјиштето и
- опасност од техничко-технолошки несреќи (повреди при работа);
7) Процена на ризикот од потенцијална вонредна состојба и тоа:
- евакуација,
- засолнување на вработените и материјалните добра,
- заштита и спасување од урнатини,
- заштита и спасување од пожари и експлозии,
- заштита и спасување во случај на опасност од рушење на јаловишната брана и прва медицинска помош,
- процедури за повторен влез во објектите (јама и јаловиште) за време или по вонредната состојба,
- потреби и можности за организација и раководење со заштитата и спасувањето и организирање на службите за заштита и спасување,
- оспособеност на службите за заштита и спасување и
- материјални и други можности за понатамошно подигање на степенот на оспособеност за реализација на мерките, задачите и активностите за заштитата и спасувањето.
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Бр. 24-1011/1    
25 февруари 2022 година                                                                                  Министер за економија,
Скопје                                                                                                                   Kreshnik Bekteshi, с.р.