„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации

03.02.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации е воспоставување ефикасен правен механизам за ограничување на пристапот до нелегалните интернет платформи за приредување игри на среќа. Ова вклучува заштита на граѓаните, од негативните последици од зависноста од игри на среќа, намалување на економскиот одлив на средства кон странство и јакнење на законската рамка за дигиталните комуникации. Начела: законитост, транспарентност, пропорционалност и заштита на општествените интереси.