„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.41 ОД 24.2.2022 ГОДИНА)

03.03.2022

 Врз основа на член 30 став 1 алинеја 1 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21 и 295/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 22 февруари 2022 година, донесе

О Д Л У К А
ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
Член 1
Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за следните стоки:
-    леб;
-    шеќер;
-    сол;
-    брашно–тип 400;
-    сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење;
-    трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
-    свежо месо и сувомеснати производи;
-    сирење и урда;
-    ориз;
-    јајца;
-    тестенини;
-    пченица и
-    овошје и зеленчук.
Највисоката трговска маржа за стоките од ставот 1 на овој член за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо,
односно во вкупен износ до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.
Член 2
Во вкупниот износ на трговската маржа во трговијата на мало од член 1 став 2 на оваа одлука се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови, односно полици (примарни и секундарни позиции).
Член 3
Највисоката трговска маржа на стоките од член 1 на оваа одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-1639/1                                                                                                             Претседател на Владата
22 февруари 2022 година                                                                             на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                                     д-р Димитар Ковачевски