„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на законот за комуналните дејности, по скратена постапка

22.01.2025

 Предлагачи се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основна цел на предложениот закон е предлагање на одредби за именување на директорот на Државниот комунален инспекторат, односно во кои ситуации истиот би можел да се именува, со цел поголема транспарентност на процесот, како и усогласување на одредбите со Законот за инспекциски надзор. Воедно се има за цел остварување на правата и обврските на вработените во Државниот комунален инспекторат, односно во најбрз можен рок исплата на декемвриската плата, како и правилно функционирање на Државниот комунален инспекторат како орган во состав на Министерството за транспорт кој согласно последните измени на Законот го изгуби својството на правно лице, па оттука сите права и обврски треба да преминат во Министерството за транспорт.