„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
22.01.2025
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основна цел на предложениот закон е предлагање на одредба за остварување на правата и обврските на вработените во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, односно во најбрз можен рок исплата на декемвриската плата, како и правилно функционирање на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам како орган во состав на Министерството за транспорт кој согласно последните измени на Законот го изгуби својството на правно лице, па оттука сите права и обврски треба да преминат во Министерството за транспорт.