„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНЦЕСИИ И ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

28.11.2022

 Со Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка, се врши доуредување на одредбите во законот кои се однесуваат на измена на договорот за концесија. 
Со членот 1 се додава нов член 41- в со кој се уредува можноста за измена на договорот за концесија од страна на Владата како концедент, а по претходна направена анализа на проценка на економската и функционалната оправданост и по претходна обезбедена согласност од концесионерот, односно да може да донесе одлука за промена на Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата. Владата може да донесе одлука со која ќе се утврди намената на средствата, износот на средствата кои биле потребни за спроведување на дел од предметот на концесијата, начинот и динамиката на реализацијата на намената на средствата, согласно со правата и обврските на концесионерот и концедентот утврдени со веќе склучениот анекс на договорот за концесија. 
Членот 2 пропишува дека можноста за склучување на анекс на договорот за концесија ќе важи една година од денот на влегување во сила на законот, во кој период Владата како концедент може да го измени договорот согласно одредбите на Законот. Исто така со ставот 2 е предвидено дека концесионерите кои до денот на влегувањето во сила на овој закон, имаат склучено анекс на договор за концесија, ќе можат да склучат нов анекс на договорот за концесија согласно со одредбите од овој Закон во рок од една година. 
Членот 3 се се уредува влегувањето во сила на Законот.