„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ, ПО ИТНА ПОСТАПКА

09.11.2022

 Предлог законот содржи 4 члена.

Со членот 1 се предвидува намалување на висината на акцизата за 50% на бензинот и дизелот, а кај течниот природен гас за 100%. Со намалување на акцизата за литар бензин за 11 денари, цената за граѓаните ќе се намали за 13 денари како резултат на дополнителните 18% ДДВ за секој литар. Со намалување на акцизата за литар дизел гориво за 8 денари, цената за граѓаните ќе се намали за 9,5 денари како резултат на дополнителните 18% ДДВ за секој литар. 
Со членот 2 се предвидува одредбите од членот 1 да важат до 30 април 2023 година до кога е важноста на прогласените кризни состојби во енергетиката и снабдувањето со топлинска енергија. Заради многуте измени и дополнувања на Законот 
Со членот 3 се овластува Законодавно - правната комисија да утврди пречистен текст на законот заради полесна примена на истиот. 
Со членот 4 е уредено влегувањето во сила на законот.
Согласно со известувањето за Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со оглед на постојаното зголемување на цената на енергентите на светските пазари поради војната во Украина со намалување на износот на акцизата на горивото ќе им се помогне на граѓаните, но и на компаниите од транспортниот сектор. Повисоката цена на горивото за транспортните компании значи и повисоки цени на производите кои ги доставуваат до маркетите, поскап превоз на патници во меѓуградскиот превоз и бројни други негативни последици кои ја зголемуваат стапката на инфлација.