„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

12.05.2022

 Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност содржи 6 члена. 

Со членовите 1 и 5 се уредува дека начинот на водење на регистарот од страна на градоначалникот на општината, а во градот Скопје регистарот што го води градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот со правилник кој ќе го донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законот. 
Со членот 2 се допрецизира членот 48-б од законот со одредба со која се уредува дека туристичкиот водич и туристичкиот придружник кои се ангажирани од туристичката агенција или друга институција при давање на услуги на туристички водич/туристички придружник должни се со себе да го носат договорот со кои се ангажирани. 
Со членот 3 се дава можност на инспекторите на општината и инспекторите на градот Скопје овластени од градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје, во рамките на нивните надлежности да можат да вршат надзор. 
Со членот 4 се предвидуваат глоби за сторени прекршоци. Со членот 6 се уредува влегувањето во сила на законот.