„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

МОЌТА НА КОМУНИКАЦИЈАТА – ОД МЕНАЏЕР ДО ЛИДЕР: ЈАСНО, ДИРЕКТНО, ВЛИЈАТЕЛНО – 02.12.2026

17.11.2026 - 01.12.2026 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија сала 1 на 5-ти кат

Знаете ли дека начинот на кој комуницирате може да направи разлика помеѓу тим кој само ги извршува задачите и тим кој е мотивиран, презема иницијатива и постигнува резултати?

Комуникацијата е една од најмоќните алатки на секој менаџер и лидер. Начинот на кој ги пренесуваме очекувањата, даваме насоки и повратни информации, водиме разговори и се справуваме со несогласувањата директно влијае врз довербата, ангажираноста и ефективноста на тимот. Неефикасната комуникација создава недоразбирања, грешки, конфликти и непотребни трошоци, додека јасната и влијателна комуникација ги поврзува луѓето околу заедничките цели.

Во време на брзи промени и зголемени очекувања, од менаџерите се бара многу повеќе од пренесување информации и делегирање задачи. Потребно е да умеат да слушаат со разбирање, да поставуваат вистински прашања, јасно да ги изразуваат своите очекувања, да влијаат и да инспирираат. Токму комуникацијата е мостот помеѓу менаџерската позиција и вистинското лидерство.

Како да комуницираме јасно и директно, без да создадеме отпор? Како да ги пренесеме пораките така што ќе бидат разбрани и прифатени? Како да дадеме повратна информација која поттикнува развој, наместо одбрана? Како да влијаеме врз луѓето, да изградиме доверба и да ги придвижиме кон заеднички резултати?

Стопанската комора на Северна Македонија на 2 декември 2026 година организира обука на тема: „Моќта на комуникацијата-од менаџер до лидер: јасно, директно, влијателно“ која ќе даде специфични алатки за влијателна комуникација.

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за сопственици, директори, менаџери, раководители и тим лидери.

Придобивки од обуката:

·         препознавање на сопствениот комуникациски стил

·         полесно разбирање на комуникациските потреби на луѓето во тимот

·         употреба на алатки во комуникацијата кои градат доверба, создаваат влијание и придвижуваат кон резултати

ПРОГРАМА
 
Сесија 1

·         Вовед: Како комуницираме?

·         Кој е мојот комуникациски стил и што треба да знам за луѓето од мојот тим?

  • Што треба да направам за влијателна комуникација
 
Сесија 2

·         Вежба: Студија на случај: препознавање на комуникациски стил и прилагодување на јасна порака

  • Како да комуницирате јасно и дирекно без да создадете отпор
 
 Сесија 3

·         Фидбек како алатка за поставување јасни очекувања

·         Вежба: давање фидбек

 
Обучувач:
 
Биљана Велевска, меѓународен консултат за организациски развој и човечки ресурси, сопственик на консалтинг компанија во областа на развој на бизниси, менаџмент, организациски развој, управување и развој на човечки ресурси. Велевска има богато искуство во управување со проекти, консалтинг, анализа, дијагностика и обука, како во приватниот, така и во јавниот сектор, како во Македонија така и во странство. Таа има над 25 години искуство со проекти во компании, особено во областа на менаџментот и управувањето со човечки ресурси, како што се планирање на човечки ресурси, анализа на работни места, регрутирање и селекција, мотивација, утврдување на потреби за обука и развој, развој на наставни програми и програми за обука, испорака на обуки, развој и имплементација на системи за управување со перформансите, системи за наградување, кариерен развој итн. Велевска има меѓународно искуство со менаџери и раководители од Швајцарија, Австрија, Бугарија, Кипар, Косово, БиХ, Србија и Балтичките земји.
 

Биљана Велевска има магистерска диплома по европски менаџмент на Europa Institutво Германија. Таа поседува меѓународни сертификати: СМС Сертифициран менаџмент консултант, мастер фасилитатор за GENOS Emotional Intelligence, DISC Flow и KPI Professional (систем за поставување индикатори за учинок и нивно мерење), невролингвистички практичар (NLP Practitioner). И има сертификат за бизнис коучинг од Noble Manhattan Coaching од Англија. Велевска има меѓународен сертификат за обучувач и државен сертификат за тренер за возрасни.

 
За сите учесници на семинарот ќе бидат обезбедени:

-          работни материјали во електронска верзија;

-          ручек и освежување;

-          сертификат за учество на семинарот.

 
Последен рок за пријавување: 30.11.2026 година.
 

Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

             

м-р Анита Рафајловска 

Телефон: 02 32 44 057
anita.mitrevska@mchamber.mk