„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
17.11.2026 - 01.12.2026 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија сала 1 на 5-ти кат
Знаете ли дека начинот на кој комуницирате може да направи разлика помеѓу тим кој само ги извршува задачите и тим кој е мотивиран, презема иницијатива и постигнува резултати?
Комуникацијата е една од најмоќните алатки на секој менаџер и лидер. Начинот на кој ги пренесуваме очекувањата, даваме насоки и повратни информации, водиме разговори и се справуваме со несогласувањата директно влијае врз довербата, ангажираноста и ефективноста на тимот. Неефикасната комуникација создава недоразбирања, грешки, конфликти и непотребни трошоци, додека јасната и влијателна комуникација ги поврзува луѓето околу заедничките цели.
Во време на брзи промени и зголемени очекувања, од менаџерите се бара многу повеќе од пренесување информации и делегирање задачи. Потребно е да умеат да слушаат со разбирање, да поставуваат вистински прашања, јасно да ги изразуваат своите очекувања, да влијаат и да инспирираат. Токму комуникацијата е мостот помеѓу менаџерската позиција и вистинското лидерство.
Како да комуницираме јасно и директно, без да создадеме отпор? Како да ги пренесеме пораките така што ќе бидат разбрани и прифатени? Како да дадеме повратна информација која поттикнува развој, наместо одбрана? Како да влијаеме врз луѓето, да изградиме доверба и да ги придвижиме кон заеднички резултати?
Стопанската комора на Северна Македонија на 2 декември 2026 година организира обука на тема: „Моќта на комуникацијата-од менаџер до лидер: јасно, директно, влијателно“ која ќе даде специфични алатки за влијателна комуникација.
Обуката е наменета за сопственици, директори, менаџери, раководители и тим лидери.
· препознавање на сопствениот комуникациски стил
· полесно разбирање на комуникациските потреби на луѓето во тимот
· употреба на алатки во комуникацијата кои градат доверба, создаваат влијание и придвижуваат кон резултати
· Вовед: Како комуницираме?
· Кој е мојот комуникациски стил и што треба да знам за луѓето од мојот тим?
· Вежба: Студија на случај: препознавање на комуникациски стил и прилагодување на јасна порака
· Фидбек како алатка за поставување јасни очекувања
· Вежба: давање фидбек
Биљана Велевска има магистерска диплома по европски менаџмент на Europa Institutво Германија. Таа поседува меѓународни сертификати: СМС Сертифициран менаџмент консултант, мастер фасилитатор за GENOS Emotional Intelligence, DISC Flow и KPI Professional (систем за поставување индикатори за учинок и нивно мерење), невролингвистички практичар (NLP Practitioner). И има сертификат за бизнис коучинг од Noble Manhattan Coaching од Англија. Велевска има меѓународен сертификат за обучувач и државен сертификат за тренер за возрасни.
- работни материјали во електронска верзија;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.