Почитувани претприемачи и претставници на бизнис секторот,
Ве покануваме да бидете дел од најважниот европски настан за мали и средни претпријатија годинава – Годишната конференција на Enterprise Europe Network (EEN).
Настанот ќе се одржи во Даблин, Ирска, од 11 до 13 ноември 2026 година, на стадионот Croke Park, под слоганот „Агилна мрежа во свет што се менува“.
Иако нашиот тим и домашните компании годинава нема да присуствуваат физички во Ирска поради рестриктивниот визен режим и високите патни трошоци, обезбедивме целосно онлајн учество и дигитална поддршка.
Нашата цел е да овозможиме максимална видливост за македонскиот бизнис сектор на европско ниво – целосно бесплатно и без никакви трошоци за Вашата компанија.
Клучни теми во фокусот на конференцијата
Овогодинешната конференција, организирана од Генералниот директорат на ЕК (DG GROW) и агенцијата EISMEA, собира над 700 учесници и се фокусира на 4 главни области:
1. Единствен пазар: Олеснување на пристапот на малите и средни претпријатија (МСП) до европските и глобалните пазари.
2. Индустриска транзиција: Поддршка на компаниите во нивната зелена и дигитална трансформација.
3. Иновации и стартапи: Подобрување на пристапот до финансии и нови инвестиции.
4. Квалитет и влијание: Имплементација на алатки базирани на вештачка интелигенција (AI) за подобро деловно поврзување.
Како македонските компании ќе бидат вклучени?
Бидејќи физичкото присуство во Даблин е строго ограничено, домашните компании ќе се вклучат дигитално преку два модели:
Индиректно виртуелно застапување (Преку нашиот тим): Преку официјалната дигитална платформа на
Enterprise Europe Network,
https://een.ec.europa.eu/ нашиот тим онлајн ќе ги застапува интересите на домашното стопанство, ќе гради меѓународни релации и ќе ги презентира капацитетите на нашите компании пред странски инвеститори и купувачи.
Директен бенефит за Вашиот бизнис
Вклученоста во дигиталните сесии ви овозможува:
Директно да ги дознаете најновите европски практики за дигитализација и зелена транзиција.
Да ја зголемите конкурентноста на европскиот пазар.
Да отворите нови можности за прекугранични деловни партнерства, соработки и проширување на бизнисот.
Искористете ја можноста за глобално вмрежување и деловна соработка.