„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневна специјалистичка обука на тема: ЕФИКАСЕН МЕНАЏМЕНТ – ОД ЛИДЕРСТВО ДО МЕРЛИВИ РЕЗУЛТАТИ

06.11.2026 - 24.11.2026 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат

👉 „ДОБРИОТ МЕНАЏЕР ЈА ВОДИ КОМПАНИЈАТА. ЕФИКАСНИОТ МЕНАЏЕР ГИ МОТИВИРА ЛУЃЕТО ДА ПОСТИГНУВААТ ПОВЕЌЕ!“

Колку од потенцијалот на вашиот тим навистина го претворате во резултати? Дали знаете како да ги мотивирате вработените, да делегирате одговорности, да донесувате правилни одлуки и да го задржите тимот фокусиран дури и во најпредизвикувачките ситуации?

Успехот на една компанија не зависи само од стратегијата и ресурсите, туку и од квалитетот на луѓето што ја водат. Начинот на кој менаџерите комуницираат, ги насочуваат и ги мотивираат вработените директно влијае врз продуктивноста, работната атмосфера, посветеноста на тимот и, конечно, врз деловните резултати.

Во услови на постојани промени, зголемени очекувања и сè поголем притисок за ефикасност, менаџерското искуство само по себе не е доволно. Потребни се современи пристапи, конкретни алатки и вештини што овозможуваат подобро управување со луѓето, побрзо и поквалитетно донесување одлуки и претворање на секојдневните предизвици во деловни можности.

Овој семинар е наменет за менаџери кои не сакаат само да ги извршуваат задачите, туку да создаваат мотивирани тимови, да преземаат одговорност и да постигнуваат мерливи резултати. Преку практични техники и применливи менаџерски алатки, учесниците ќе добијат насоки како да го унапредат сопствениот стил на управување и да придонесат за поголема ефикасност и профитабилност на компанијата.

Инвестирајте во менаџерските вештини што прават разлика – затоа што зад секој успешен тим стои менаџер кој знае како да го извлече најдоброто од своите луѓе!

Зошто ја препорачуваме оваа обука?

Успешниот менаџмент не се сведува само на организација на работата и распределба на задачите. Тој подразбира разбирање на луѓето, препознавање на нивните потенцијали и создавање услови за постигнување подобри резултати.

Со учеството на едукацијата ќе добиете можност да:

  • Ги преиспитате традиционалните менаџерски пристапи и да откриете поефикасни начини на управување.
  • Применувате ситуациски пристап во водењето и мотивирањето на вработените.
  • Ги унапредите своите вештини за делегирање, комуникација и давање повратни информации.
  • Ја зголемите продуктивноста на тимот преку подобра организација на работата.
  • Донесувате поквалитетни одлуки и поефикасно се справувате со предизвиците.
  • Создавате мотивирани и посветени тимови кои придонесуваат за подобри деловни резултати.

Задоволните и мотивирани вработени се важен предуслов за успешна компанија, а квалитетното лидерство е еден од клучните фактори за нивната посветеност и развој.

За кого е наменета оваа обука?

Семинарот е наменет за професионалци кои сакаат да ги унапредат своите менаџерски компетенции и да постигнуваат подобри резултати преку поефикасно управување со луѓето и процесите, особено за:

  • Менаџери од средно ниво на управување
  • Менаџери одговорни за водење проекти и тимови
  • HR менаџери и професионалци за човечки ресурси
  • Претприемачи и сопственици на компании
  • Топ-менаџери кои сакаат да ги преиспитаат и унапредат своите пристапи кон менаџментот
ПРОГРАМА:

МОДУЛ 1: Како ефикасно да го развивате и насочувате својот тим

  • Запознавање со агендата и целите на едукацијата
  • „Новата нормалност“ – големи промени и начинот на кој реагира ефикасниот менаџер
  • Препознавање на различните профили на соработници и разбирање на нивните мотиватори
  • Пристапи и техники за развој на вработените
  • Практични техники за успешно водење на луѓето

МОДУЛ 2: Клучни менаџерски алатки за ефикасно управување со тимот

  • Делегирањето како клучна менаџерска алатка за зголемување на ефикасноста
  • Техники и алатки за успешно делегирање на работните задачи
  • Вештини за давање конструктивна повратна информација
  • Водење состаноци како важна менаџерска компетенција
  • Како да се организира и одржи продуктивен состанок со тимот

МОДУЛ 3: Ефикасен менаџмент за практични резултати и поголема профитабилност

  • Најчести менаџерски замки и начини за нивно избегнување
  • Вештината на донесување одлуки како една од клучните менаџерски компетенции
  • Како да се донесат правилни одлуки и успешно да се управува со нивната реализација
  • Ефикасно мотивирање и водење на тимот во кризисни ситуации
  • Евалуација на едукацијата и доделување сертификати
Што добиваат учесниците?
  • Освежување, кафе и оброк за време на паузите;
  • Сертификат од D.R. Gilbert Центар група;
  • Материјал за водење белешки и електронски PPT презентација по завршување на обуката;
  • Книга од D.R. Gilbert која ја следи темата на обуката со доплата;
  • Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците;
  • Работен јази:српски јазик.
Предавач:
 
Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert) е еден од највлијателните и најплодните автори и тренери на теми поврзани со едукација и равој на човечки ресурси. Под псевдонимот D.R. Gilbert се објавени 23 книги (со дополнителни изданија) кои се преведени на шест јазици и пласирани преку 200.000 примероци. Во својата кариера имал прилика да одржи повеќе од 3000 обуки, семинари, работилници и конференциски настапи на кои земале учество преку 2500 компании, микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии од десетина држави.
Има 30 години искуство во реалниот сектор од извршителски до топ менаџерски функции. Негови експертизи се областите лидерство, продажни вештини, преговарање и мотивација на вработените, а предавањата се на автентичен, исклучително енергичен начин со што константно ги мотивира и охрабрува слушателите.

 Основач е и сопственик на D.R. Gilbert centar group во кој контекст работат и:
* Академија за бизнис знаење и вештини D.R. Gilbert со 8 студиски програми;
* Агенција за човечки ресурси HR Professional Solution;
* Издавачка куќа D.R. Gilbert books;
* D.R. Gilbert Consulting и тренинг;
* Бизнис апликација Take It;
* Конференциски бренд „Poslovanje sa svrhom“
* Во 2022 година отвара свое преставништво во Ровињ, Р.Хрватска.

Последен рок на пријавување: 20.11.2026
 
 
 

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,   

телефон: 02 32 44 074         
beti@mchamber.mk