„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
29.09.2026 - 15.10.2026 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат
Компаниите собираат податоци за продажбата, клиентите, трошоците и работењето, но повеќе податоци не значат автоматски и подобри одлуки. Извештајот може да покаже дека продажбата се променила, без да објасни зошто се случило тоа или што треба да се преземе. Вредноста на аналитиката започнува со вистинското прашање и завршува со јасна препорака за дејствување.
За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија, на 16.10.2026 година, организира обука на тема: „Power BI во пракса – Податоците зборуваат кога знаете што да прашате“, која има за цел да им овозможи на учесниците преку практична примена на Power BI да ги трансформирате деловните податоци во јасни аналитички сознанија, трансформирајќи го секог деловен проблем во аналитичко прашање, како да се изберат показатели што навистина се важни и како правилно да се толкуваат резултатите.
Учесниците на практичната обука ќе работат со деловни примери и ќе научат да разликуваат што податоците сигурно покажуваат, што само навестуваат и за што се потребни дополнителни информации. Акцентот е на употребата на аналитиката за избор на следниот деловен чекор, а не само за подготовка на уште еден извештај.
Обуката е наменета за сопственици, директори и менаџери, маркетинг, финансии, продажни тимови, аналитичари, CRM професионалци, како и вработени во приватен и јавен сектор кои користат податоци и извештаи при планирање и донесуваат одлуки базирани на податоци.
Обуката е соодветна и за сите кои сакаат да стекнат практични знаења за користење на Power BI како алатка за подобрување на аналитичките вештини и поддршка на бизнис растот.
· Како се поставува добро аналитичко прашање.
· Избор на релевантни показатели и проверка на квалитетот на податоците.
· Дескриптивна и дијагностичка аналитика: што се случило и кои се можните причини?
· Практична вежба со деловен извештај
Д-р Виолета Цветкоска е професор по Операциони истражувања и машинско учење за менаџмент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај тоа ги предава и предметите Основи на бизнис аналитика (на прв циклус на студии) и Бизнис аналитика и Наука за податоци (на втор циклус на студии). Таа е меѓународно признат експерт за одлучување базирано на податоци, Power BI решенија и примена на аналитика за подобрување на клиентското искуство и остварување побрз раст, со долгогодишно искуство во работа со менаџери, аналитички тимови и организации. Со силен фокус на практична примена, д-р Цветкоска успешно ги поврзува аналитичките модели со реалните бизнис потреби, помагајќи им на компаниите податоците да ги претворат во конкретни сознанија, а сознанијата во одлуки што носат резултати. Нејзините обуки се препознатливи по јасна структура, интензивна практична работа во Power BI и ориентација кон решавање на реални бизнис предизвици. Експертизата на д-р Цветкоска се надградува преку активно учество на меѓународни научни и професионални настани, објавување трудови во реномирани меѓународни списанија и континуирана соработка со академската и бизнис заедницата. Нејзиниот пристап е насочен кон градење аналитички компетенции што создаваат одржлива конкурентска предност.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 13.10.2026 година.