„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

BE • DO • HAVE – ТЕХНИКА ЗА 70% ПОГОЛЕМИ ПРОДАЖНИ РЕЗУЛТАТИ, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБАТА И КРЕИРАЊЕ НА ПОВТОРЛИВА ПРОДАЖБА – 15.10.2026 година

22.09.2026 - 14.10.2026 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија сала 4 на 5-ти кат

Иако дигиталните канали се во постојан подем, токму телефонскиот разговор е оној што гради доверба и ја носи одлуката поблиску до договор. Телефонскиот повик не е повеќе само алатка – тоа е огледало на вашата стратегија, енергија и професионалност.

Телемаркетингот не е „ладен повик“. Тој е паметно воден разговор кој го поврзува клиентот со вашата продажна цел. Водени од овие премиси, Стопанската комора на Северна Македонија на 15 октомври 2026 година го организира семинарот на тема: BE • DO • HAVE – ТЕХНИКА ЗА 70 % ПОГОЛЕМИ ПРОДАЖНИ РЕЗУЛТАТИ, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБАТА И КРЕИРАЊЕ НА ПОВТОРЛИВА ПРОДАЖБА“.

 ШТО РЕШАВАМЕ?
 

•        Основен проблем: Стапките на успешно склучување на продажбата во просек изнесуваат 5–10 %.

•        Зошто? Бидејќи проблемите произлегуваат од начинот на размислување и комуникацијата на продавачот, а не само од продажната техника.

•        Решение: Филозофијата BE • DO • HAVE“ дава приоритет на внатрешната состојба на продавачот („Be“), што овозможува ефикасни активности („Do“) и постигнување резултати („Have“).

•        Клучна техника: Создавање на заедничка реалност со клиентот така што ќе ги користите неговите сопствени примери или веќе воспоставени референци за градење афинитет и согласност.

•        Споредба на техниките: Секоја продажна техника има свои добри страни. Како да ги искористиме добрите страни на продажните техники?

 
За кого е наменет семинарот:
 

-        сопственици на компании и управители, кои сакаат нивните компании да растат и самите се активни во продажбата;

-        директори и менаџери на продажба;

-        продавачи, кои сакаат да стекнат вештини за водење на продажба и да заработат повеќе;

-        за сите останати што не сакаат повеќе да импровизираат на продажните состаноци, односно сакаат да достигнат ниво на кое клиентот сам ќе одлучи да купи кај нив.

 
Како да се усогласат продавачот, продажниот процес и резултатот?
 

Продажните проблеми многу често се обидуваме да ги решаваме со продажни техники.

 
Компаниите бараат:
  • подобри продажни скрипти,
  • нови начини на затворање на продажбата,
  • поефикасен маркетинг,
  • повеќе лидови,
  • подобра понуда,
  • нови продажни канали.
 
Сето тоа може да биде корисно.
 
Но, поголемиот дел од продажните проблеми настануваат многу порано.
 
Тие настануваат:
  • кај продавачот,
  • во неговиот однос кон самиот себе,
  • во неговиот однос кон клиентот,
  • во комуникацијата,
  • во неусогласеноста на тимот,
  • во погрешното разбирање на купувачот,
  • во недостатокот на тренинг,
  • и во тоа што продавачот понекогаш воопшто не разбира што навистина значи продажбата.
 

Затоа просечната стапка на успешно склучување на продажбата често е само помеѓу 5-10%.Тоа не е само проблем на техниката, туку пред сè проблем на човекот кој ја користи техниката.

Предности на обуката:
 
На обуката продавачот ќе добие одговори на следниве прашања:
 

•        Кој сум, што претставувам и што сакам да постигнам?

•        Каков однос имам кон клиентот и како да воспоставам реалност со него?

•        Дали навистина верувам во производот?

•        Дали знам да набљудувам и како да комуницирам?

•        Како да преземам одговорност?

•        Како да останам стабилен во разговор со „тежок“ клиент?

 
Ако продавачот не е усогласен со самиот себеси, многу тешко ќе создаде усогласеност со купувачот. Затоа ја користиме филозофијата: „BE • DO • HAVE“.
•Top of Form
•Bottom of Form
 
ПРОГРАМА:
 
I дел:
 
  • Пазарот се промени и старите продажни техники веќе не функционираат.

·        Да ги разбиеме сомнежите и заблудите за продажбата – како еден вид MythBusters за продажба.

·        Споредба на познатите продажни техники: зошто, и покрај големиот број пристапи и техники, успешно реализираме само околу 10 % од продажните можности?

·        Продажните техники и предизвиците со кои се соочуваме во продажбата.

II дел:
 
Зошто клиентот одговара “Ќе размислам…”, “Ќе Ви се јавам…”, “Пратете ми понуда по е-маил…”?

•        BE • DO • HAVE - ПРИСТАП И АЛАТКИ

-    BE: ARC – содзавање заедничка реалност со купувачот пред било што да се продаде.

-    DO: KRC – техника за спроведување на процесот на склучување на продажбата.

-    HAVE: EXCHANGE – размената, односно она што го добиваме од успешно склучена продажба.

•        ИЗГОВОРИ НА КУПУВАЧИТЕ

-      Како се справуваме со изговорите на клиентите?

-      Примери на изговори.

-      Интерактивна вежба.

 
III дел:
 
ЧЕКОРИТЕ НА СКЛУЧУВАЊЕТО НА ПРОДАЖБАТА

•        Краен резултат: ПРОДАЖНА СТРАТЕГИЈА

•        Три клучни точки во стратегијата за склучување на продажбата.

•        Како ефикасно да го подготвиме соговорникот за соработка.

•        Како успешно да реализираме продажба во дури 70 % од продажните разговори?

•        Што е најважната особина на продавачот?

•        Како да го задржиме продавачот во претпријатието?

 
IV дел:
 

•        Практични примери на успешно склучување на продажните преговори.

•        Како да се мотивираме себеси при работа во продажбата?

•        Заклучоци, евалуација на семинарот и доделување сертификати.

 
Од семинарот ќе си заминете со:
 

•        Три клучни точки во правилниот редослед на склучување на продажбата;

•        Обликување на свесно - тактично склучување;

•        Преговорите нема да бидат препуштени на случајноста или на интуицијата, бидејќи ќе течат според точно определено сценарио;

•        Ефикасно справување со изговорите на клиентите;

•        Зголемување на разбирањето и вашата фокусираност при склучувањето на продажните преговори;

•        Зголемување на приходите и ефикасноста на продавачите.

 
Предавач:
 

Драган Шибанц, Sales & HR Strategist | Strategic Cause Architect

 

Драган е специјалист за склучување на продажни преговори со употреба на BE • DO • HAVE техника. Драган е меѓународен тренер, консултант, автор и судски преведувач. Повеќе од 25 години е сопственик и управител на компанијата ПСД, која се занимава со бизнис консалтинг и преведување. Пред 18 години, во своето претпријатие започнал да воведува стандарди и организациска структура што го насочиле претпријатието кон успех. Неговото претпријатие било првото во Словенија што започнало со ваков процес. Склучувањето на продажните преговори и BE • DO • HAVE техниката како систем ги користи од 2014 година. Во тој период неговото претпријатие забележало раст од повеќе од 90%.

Суштината на неговиот пристап е BE • DO • HAVE, односно усогласување на продажните стратегии со продажните потенцијали на луѓето – затоа што продажбата не е талент, туку повторлив процес кој го спроведуваат вистинските луѓе, усогласени со целите и стратегијата на компанијата. Пристапот ги поврзува продажбата, HR и оперативната реализација во единствен систем кој носи помалку импровизација, поголема усогласеност и мерливи резултати. Со методологијата PSD Strategic Energy & Cause Architecture™ им помага на лидерите и тимовите тензиите во компанијата да не прераснат во конфликт, туку во креативна енергија за раст.

За сите учесници на семинарот ќе бидат обезбедени:

-        работни материјали во електронска верзија;

-        ручек и освежување;

-        сертификат за учество на семинарот.

 
Последен рок за пријавување:  09.10.2026 година.

Контакт лица:

м-р Михајло Донев 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

             

м-р Анита Рафајловска                                                   

Телефон: 02 32 44 057