„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

БИЗНИС-ФОРУМ ЗА ПАТНАТА И ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

02.09.2026 - 10.09.2026 , Форум

Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5 кат

 

  

 

 

 

Почитувани,

 

Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при  австриската Амбасада во Скопје, на заедничка иницијатива, организираат Македонско-австриски бизнис-форум и ве покануваат да учествувате.

 

Основната цел на иницијативата за Бизнис-форумот е да се поттикне заедничката соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции од областа на патната, железничката и на енергетската инфраструктура.

 

Со цел продлабочување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, на Форумот свое обраќање ќе имаат претставници од државните институции, министри од секторите за енергетика и транспорт, кои ќе ги презентираат актуелните и идни проекти од патната, железничката и од енергетската инфраструктура.

 

Презентацијата и деловните средби ќе се одржат на 16 септември 2026 година (среда), со почеток во 9:00 часот, во Стопанската комора на Северна Македонија,  сала 4 на 5. кат.

 

Сите заинтересирани учесници своето присуство може да го потврдат со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 10.09.2026 година.

 

Контакт-лице: Даниел Матракоски, тел: 3244-043, електронска адреса: daniel@mchamber.mk

 
Во прилог:
 
1.     Агенда
2.     Пријавeн лист
3.    Список на австриски компании

Контакт лица:

 Контакт-лице: Даниел Матракоски, тел: 3244-043, електронска адреса: daniel@mchamber.mk

Календар на настани

“УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ ВО ОРГАНИЗАЦ...

27.08.2026 - 16.09.2026

BizHack AI Маркетинг Хакатон (24-26...

16.07.2026 - 30.09.2026