„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
05.06.2026 - 23.06.2026 , Обука
сала 3, 3-ти кат
Основата на квалитетната работна култура, секоја компанија ја нагласува како многу важна, а добрите светски пракси сѐ повеќе ги усвојуваат едноставните методологии кои потекнуваат од јапонската деловна култура. Организацијата на сите работни позиции се базира на елиминација на нејаснотии и препреки кои ги попречуваат правилните текови на материјали и информации, а со ова се зголемува квалитетот на работните места. Од друга страна вклученоста на сите вработени во градењето и подобрувањето на работната култура, е веќе секаде неизбежно – правилен пристап, а не комплицирано решение. Ова повторно е потврдено од светските добри пракси. Непостоењето на ваков пристап резултира во неостварување на целите на компанијата. Соодветно одговорните лица, треба да се справат со ваквите состојби, почнувајќи од признавање на состојбата и поедноставување на пристапот за разрешување, со цел оптимизирање и подобрување на квалтетот на работните места и работната култура.
Пристапот за подобрување или градење на квалитетна работна култура, мора да биде поддржан од раководните структури, а за насоки да ги искористиме добрите пракси. Добрите пракси докажале дека поедноставување, детализирање и јасност при дефинирање, опишување и пренесување на информациите олеснуваат вклученост на соодветните лица во подобрувањето на работната култура.
Со намера да понуди дополнителни знаења за ефикасно поставување на методологиите кои го создаваат “Континуирано Подобрување“, Стопанската комора на Северна Македонија на 24 и 25јуни 2026 година организира обука на тема: „5S + KAIZEN = Continuous Improvement“, која ќе се фокусира на овие важни методи за обезбедување стабилен и одржлив развој на секоја организација.
Обуката е наменета за сопственици, управители, високо и средно ниво на раководство, кои имаат одлучувачка и организациска улога за подобрување и оптимизирање на процесите, оперативните процедури и работните постапки.
Пристапот и примерите се најсоодветни за производствени компании.
· Стекнување со нови знаења за подобрување на работната култура и подобрување на ефикасноста на тимската работа
· Насочување кон едноставност за подобрување на ефективноста на работните тимови
· Оспособување за дополнителни знаења од повисоко ниво, врз основа на докажани добри пракси
I. Сесија – Значење на “5Ѕ“
· “3М“ калсификација на загуби
· Иницијално справување со загубите
· Како од “5Ѕ“ до “6Ѕ“
II. Сесија 2 – Соодветна примена
· Инструкции за примена
· Кои се препреките на патот кон успех на “6Ѕ“
· Вежба и дискусија
III. Сесија 3 – Што е “KAIZEN”
· Зошто овој метод за создавање на култура на Континуирано подобрување
· Континуирано подобрување – постојано присуство на овие два методи
IV. Сесија 4 – Како до “KAIZEN”
- Коста Петровски е динамичен и ориентиран кон резултати професионалец со повеќе од 29 години искуство во лидерство, извршно управување со производство и индустриски операции. Докажана експертиза во водење на меѓуфункционални тимови, имплементирање на LEAN методологии и оптимизирање на перформансите преку OEE и KPI стратегии. Силен комуникатор со GENBA-ориентиран начин на размислување, фокусиран на донесување одлуки засновани на факти, континуирано подобрување и практичен стил на лидерство.
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 22.06.2026 година