„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
31.03.2026 - 21.04.2026 , Обука
Сала 1, 1-ви кат, Стопанска комора на Северна Македонија
Во услови кога количината на содржина постојано расте, а времето и ресурсите се ограничени, AI може значително да го олесни процесот на пишување, од генерирање идеи, преку структурирање, до доработка на финален текст. Но, без јасен пристап и насочување, резултатот често е генеричен, површен и неусогласен со целите на комуникацијата. Во насока на приближување на вештачката интелигенција и нејзина интеграција во деловните процеси, Стопанската комора на Северна Македонија на 22 април 2026 година организира обука на тема: „Content Writing со AI: Како до поефикасно креирање на текстуална содржина со помош на AI алатки“, која има за цел развивање на систематски пристап кон користење на AI во content writing, кој овозможува поголема контрола врз квалитетот и насоката на текстот.
Фокусот на обуката не е само на користење на AI алатки, туку на тоа како да се пишува подобра содржина со нивна помош, без губење на јасноста, квалитетот и препознатливиот стил на брендот. На обуката ќе бидат споделени техники и промптови кои имаат за цел да им помогнат на учесниците да креираат поквалитетна содржина со помош на најактуелните AI алатки како Claude, Perplexity, ChatGPT и слични. Посебно внимание ќе биде посветено на начинот на кој овие алатки се интегрираат во постоечкиот процес на креирање содржина, без да се наруши стратегијата и комуникациската конзистентност.
Обуката е наменета за маркетери, комуникациски професионалци, претприемачи и сите кои активно работат со текстуална содржина и сакаат да го направат процесот на пишување побрз, поефикасен и поструктуриран. Истата е наменета за почетници - корисници на AI алатки кои сакаат да го подобрат начинот на кој пишуваат содржина и да воведат поефикасен пристап во својата секојдневна работа.
I дел: Вовед: Основи на ефективно пишување со AI
· Што значи квалитетна текстуална содржина во дигитална комуникација
· Најчести грешки при користење на AI за пишување
· Избор на најсоодветна алатка според тип на содржина
· Практична вежба: избор на алатка согласно даден бриф
· Развој на соодветен промпт
· Пристапи во генерирање на текстуална содржина со AI
· Усогласување со дефиниран тон на комуникација и стил
· Практична вежба: Тестирање на тип на содржина со различни промптови
III дел: Оптимизација на процесот на пишување со AI алатки
· Интегрирање на AI во постоечкиот процес на креирање содржина
· Дефинирање на чекори од бриф до финален текст
· Дефинирање на prompt шаблони
· Контрола и финална проверка на текст
· Практична вежба: Подготовка на сопствен процес
IV дел: Практична вежба: Креирање на сет на содржини со АI за зададен бренд
· Изработка на практична вежба со помош на бесплатни AI алатки
· Презентација на решенија
· Фидбек и дискусија
- Ива Дујак Ѓурѓиќ e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 16 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работни материјали во електронска верзија;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.