„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС – практични пристапи за повисока добросостојба и продуктивност– 18.03.2026 година

03.03.2026 - 17.03.2026 , Обука

сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија

Во динамична работна средина исполнета со рокови, одговорности и постојани промени, управувањето со стресот станува клучна вештина за одржување на професионална ефективност, фокус и лична благосостојба. Емоционалната интелигенција исто така фактор во подобро управување со емоциите во текот на денот, како и на градењето на поддржувачки релации и продуктивна работна средина.

Со цел да ги поддржиме вработените во развој на практични стратегии за справување со секојдневните предизвици, Стопанската комора на Северна Македонија на 18.03.2026 година, организира обука на тема: „Управување со стрес – практични пристапи за повикоска добросостојба и продуктивност“, посветена на препознавање, разбирање и конструктивно управување со стресот на работното место, како и усвојување на основните концепти за развој на емоционална интелигенција на работно место.
 
Обуката ќе понуди:

·        јасно разбирање на причините и ефектите од стресот во работна средина

·        практични техники за брза стабилизација во стресни ситуации

·        стратегии за одржување на енергија, мотивација и професионален баланс

·        модел за примена на емоционалната интелигенција на работно место

Преку кратки вежби, дискусии и реални сценарија, учесниците ќе стекнат применливи знаења што можат веднаш да ги користат во својата секојдневна работа.
За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за сопственици, претставници на бизнис заедницата од врвен и среден менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.

Придобивки од обуката:

·        Подобра способност за препознавање на рани знаци на стрес

·        Практични техники за брзо смирување и враќање на фокус

·        Нови идеи за поголема енергија, концентрација и ментална јасност во текот на денот

·        Повисоко ниво на разбирање на концептот на емоционална интелигенција на работно место

 ПРОГРАМА:

Сесија 1

·        Претставување на тренерите и учесниците

·        Што е стрес и зошто се јавува

·        Разлика помеѓу позитивен и негативен стрес

·        Влијание врз здравјето, однесувањето и работната ефективност

·        Вежба

Сесија 2

·        Практични техники за управување со стресот на работо место

·        Вежби

Сесија 3

·        Емоционална интелигенција – Науката за емоциите и врската со стресот и продуктивноста на работно место

·        Вежба

Сесија 4

·        Компетенции за развој на емоционална интелигенција – како да развиваме резилиентност низ подобро себеуправување

·        Акциски план за примена во секојдневната работа – индивидуална работа

 
Тренери во програмата:
 
- Наташа Ивановска е консултант за организациски развој, сертифициран бизнис коуч на Ерискон Коучинг колеџот од Канада и Нобл Менхетен колеџот од Англија, како и сертифициран Консултант за управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија. Од 2021 е сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Како дипломиран инженер-технолог завршила постипломски студии на Шефилд универзитетот – Сити Колеџ во Грција. Има над дваесет и пет годишно искуство во развој на бизнис низ управувањето со човечки ресурси. Од 2011 година е основач на Инсајт Груп, компанија за консалтинг за човечки ресурси, обуки и коучинг. Низ работата со компании во земјата и регионот, успева да придонесе во областа на планирање, развој и задржување на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.
 
Иван Христов е дипломиран психолог, гешталт психотерапевт и сертифициран Genos International Emotional Intelligence Practitioner и DISC Flow Тренер. Иван е професионалец со долгогодишно искуство работејќи на домашни и странски проекти во областа на образованието и човечките ресурси. Во моментов е активен на неколку проекти поврзани со човечките ресурси како проценка на вработени, изработка на описи на работни места, обуки и фасилитирани работилници.
 
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:

-        материјали за реализација на вежбите

-        работни материјали во електронска верзија

-        сертификат за учество на работилницата            


Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до 16.03.2026 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев 

Телефон: 02 32 44 067  
mihajlo@mchamber.mk         
 

 

Анита Рафајловска   

Телефон: 02 32 44 057