„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

AI ВО ФИНАНСИИ: ОД АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ДО КРЕИРАЊЕ НА ВАШ ФИНАНСИСКИ АГЕНТ– 4-5.03.2026 година

16.02.2026 - 03.03.2026 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат

Во современиот деловен свет, финансиските одлуки се носат врз основа на огромни количини податоци кои бараат брза и прецизна обработка. Вештачката интелигенција (АИ) станува клучен партнер во овој процес – од анализа на финансиски податоци до креирање на интелигентни финансиски агенти кои можат да поддржат стратешко одлучување. Примената на АИ во финансии не е само технолошка иновација, туку и суштинска трансформација на начинот на кој организациите управуваат со ресурси, ризици и инвестиции. Со правилна употреба, АИ носи конкурентска предност, поголема сигурност и нови можности за раст.

Во насока на приближување на дигиталните вештини до секоја компанија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Семос Едукација, на 4 и 5 март 2026 година ја организираат обуката: „АИ во финансии: Од анализа на финансиски податоци до креирање на ваш финансиски агент“

Оваа обука е одличен прв чекор за сите што сакаат да ја разберат улогата и потенцијалот на AI во модерните финансии и да ги дигитализираат рутинските задачи за поголема ефикасност, точност и контрола.

Обуката е наменета за финансиски менаџери, контролори, бизнис и финансиски аналитичари, сметководители, ревизори,  консултанти, банкарски професионалци, финтек претприемачи и проектни менаџери кои сакаат да го модернизираат финансиското работење преку вештачка интелигенција (AI).

Учесниците ќе научат како практично да применуваат алатки како Copilot во секојдневните финансиски процеси – од верификација и анализа, до планирање, известување и автоматизација.

Дополнително, учесниците ќе имаат можност да креираат сопствен финансиски AI агент, специјализиран за нивните работни процеси. Агентот ќе може да извршува рутини задачи, да обработува податоци, да креира извештаи и да поддржува финансиски одлуки — со што значително ќе ја зголеми ефикасноста и продуктивноста во работата.

ПРОГРАМА:
Модул 1: Вовед во AI во финансии

Ќе разберете што претставува AI во финансискиот сектор, кои се неговите предности, реални применливи случаи и модерни трендови во индустријата.

Модул 2: Prompt Engineering за финансиски задачи

Ќе научите како да креирате јасни и ефективни prompt-и што ја подобруваат комуникацијата со AI и резултатите при работа со финансиски податоци, анализи и документи.

Модул 3: Користење Copilot за финансиска верификација

Ќе откриете како да управувате со финансиски податоци, да проверувате интерни процедури, да валидирате извештаи и да ја подобрите точноста при секојдневните контроли.

Модул 4: Стратегиско одлучување со помош на AI

Ќе научите како да анализирате KPI, да следите буџети и продуктивност, и да генерирате професионални Excel и PowerPoint извештаи со помош на AI.

Модул 5: Градење AI агенти со Copilot Studio

Ќе создадете сопствени интелигентни асистенти кои автоматизираат рутински финансиски задачи, ги подобруваат работните текови и го намалуваат административниот товар.

Модул 6: AI во анализа, обработка и извештаи

Ќе ги истражите можностите на AI во Excel и други платформи за чистење, организирање и визуелизација на податоци, како и идентификација на трендови, ризици и можности.

Модул 7: Иднината на AI во финансии

Ќе разговараме за идните потребни компетенции, регулативи, ризици и стратегиите кои финансиските тимови мора да ги усвојат за да останат конкурентни.

  
Потребни предзнаења
  • Основно разбирање на финансиски процеси
  • Основно користење на дигитални алатки
  • Не е потребно претходно познавање на AI или програмирање 
Предавач:

Дарко Антиќ, eксперт за финансиски анализи, контролинг и примена на напредни дигитални алатки, со повеќе од 15 години искуство во анализи, буџетирање и контролинг, со силен акцент на дигитална трансформација и примена на напредни алатки. Работел на корпоративни, невладини и меѓународни проекти, развивајќи KPI модели, финансиски прогнози и извештаи што влијаат врз стратешките одлуки и ефикасноста на организациите. Неговото искуство е дополнето со консултантска работа за компании и претприемачи, како и со професионални сертификати за SQL, Excel и Power BI.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
  • работни материјали во електронска верзија;
  • пристап до лиценца за Copilot за времетраење на обуката;
  • освежување
  • сертификат за учество на обуката.       

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 02.03.2026 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев 

Телефон: 02 32 44 067  
mihajlo@mchamber.mk         
 
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     
телефон: 02 32 44 074