„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ – 06.2.2026 година

16.01.2026 - 05.02.2026 , Обука

сала 4, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија

Знаете ли дека еден од најголемите трошоци на кои директно можете да влијаете се оние произлезени од неефикасна комуникација и конфликти во тимот? Несогласувања кои преминуваат во конфликти, недоразбирања кои ја менуваат динамиката на комуникација и водат кон оддалечување меѓу колегите? „Местенки“, одбрамбен став и ситуации кои стасуваат кај лидерот да пресуди кој е во право. Лидерите имаат сложена функција овие ситуации да ги препознаваат и да поттикнуваат продуктивна комуникација за нивно разрешување.

Препознавањето на конфликтот, како сложен внатрешен процес, значително може да ги намали периодите на намалена продуктивност. Техниките за ефикасно управување со конфликтините ситуации даваат нова перспектива и можност конфликтите да се препознаат во рана фаза и да се разрешат на ефикасен начин, пред да се продлабочат и доведат до прекин на комуникацијата. На тој начин, тимската работа дава максимизирани исходи и резултати кои водат кон реализација на целите.

Со намера да понуди дополнителни пристапи и ресурси за ефикасно управување со тимовите, Стопанската комора на Северна Македонија на 06.02.2026 година организира обука на тема: “Управување со конфликти во организациите”, која ќе се фокусира на оваа важна тема за обезбедување стабилен и одржлив развој на секоја организација.

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за сопственици, менаџери, тим лидери, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.

 
Придобивки од обуката:

·        Стекнување со нови знаења за динамиката на креирање и препознавање на конфликти

·        Разбирање на фазите на конфликт и потребите во секоја од нив

·        Зголемена свесност за емоциите кои се јавуваат при конфликтни ситуации и можностите со нив да се управува на ефикасен начин

·        Разбирање на потенцијалните покренувачи на конфликт и на начините како тие можат да се сведат на минимум, со цел поголема продуктивност на работното место

 
ПРОГРАМА:
 
Сесија 1

•                  Одлики на високо функционални тимови според моделот на Ленциони

 
Сесија 2

•                  Што е конфликт и како го препознаваме?

•                  Развој на конфликтот по фази

•                  Прашалник за личен стил на конфликт

 
Сесија 3

•                  Покренувачи на конфликт и стилови на справување со конфликти

•                  Вежба – Фаза 1 конфликт

•                  Пресметка на цената на конфликтите во вашиот тим

 
Сесија 4

•      Студија на случај “Сите се во право”

•      Акциски план за примена на новите знаења во секојдневната работа – индивидуална работа

•      Заклучоци и евалуација на обуката

Предавачи:

- Наташа Ивановска е консултант за организациски развој, сертифициран бизнис коуч на Ерискон Коучинг колеџот од Канада и Нобл Менхетен колеџот од Англија, како и сертифициран Консултант за управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија. Од 2021 е сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Како дипломиран инженер-технолог завршила постипломски студии на Шефилд универзитетот – Сити Колеџ во Грција. Има над дваесет и пет годишно искуство во развој на бизнис низ управувањето со човечки ресурси. Од 2011 година е основач на Инсајт Груп, компанија за консалтинг за човечки ресурси, обуки и коучинг. Низ работата со компании во земјата и регионот, успева да придонесе во областа на планирање, развој и задржување на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.     

- Биљана Велевска раководи со Самеримпекс Импулси од 2000 година. Има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки. Биљана е магистар по Европски менаџмент (Europa Institute во Германија). Поседува сертификати за тренинг и коучинг од неколку светски методологии, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој. Од 2020 е сертифициран консултант за Управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија, а од 2021 е и сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Нејзиниот практичен пристап поттикнува оптимизација на ресурсите и примена на врвните алатки и методологии на кои се базирани развојните програми.

 
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
  • работни материјали во електронска верзија;
  • ручек и освежување
  • сертификат за учество на обуката.


Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 4 февруари 2026 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

              

м-р Анита Рафајловска                                                   

Телефон: 02 32 44 057