„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен семинар на тема: КОРПОРАТИВНА ОДГОВОРНОСТ, ДОГОВОРНИ И ДИГИТАЛНИ РИЗИЦИ – ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ ЗА ТОП МЕНАЏМЕНТ Стратешко управување, правен и финансиски ризик, одговорност на менаџмент, 10:00 – 15:30 часот

13.01.2026 - 29.01.2026 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија сала 3, 3-ти кат

Во време на засилена регулатива, брзи пазарни промени и интензивна дигитална трансформација, компаниите се соочуваат со сè поголеми правни, договорни и дигитални предизвици. Донесувањето одлуки на ниво на менаџмент денес подразбира не само деловна стратегија, туку и јасно разбирање на одговорноста, ризиците и можностите за заштита. Со цел да им понуди практична поддршка на компаниите, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: КОРПОРАТИВНА ОДГОВОРНОСТ, ДОГОВОРНИ И ДИГИТАЛНИ РИЗИЦИ – ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ ЗА ТОП МЕНАЏМЕНТ (Стратешко управување, правен и финансиски ризик, одговорност на менаџмент), посветен на корпоративната одговорност, договорните односи и дигиталните предизвици, со фокус на практични решенија и актуелна судска и деловна пракса.

Целта на семинарот:

Целта на семинарот е да им обезбеди на учесниците сеопфатен и практичен преглед на правните обврски и одговорности на CEO и органите на управување, улогата на менаџерските договори во корпоративното управување, како и современите договорни и дигитални ризици поврзани со IT, AI и меѓународната трговија. Посебен акцент се става на превенција на правни спорови, заштита на менаџментот и усогласување со националната и меѓународната регулатива.

За кого  е наменет семинарот?
  • CEO, CFO, Head of Legal, Corporate Secretary, членови на управни и надзорни одбори;
  • Финансиски директори и сметководствени менаџери;
  • Правници, адвокати, корпоративни правни советници;
  • Комерцијални директори и менаџери;
  • Сопственици и менаџери на мали и средни претпријатија.
Очекувани резултати од семинарот
 
По завршување на семинарот, учесниците ќе:
  • стекнат јасно разбирање за фидуцијарните обврски и личната одговорност на CEO и управните органи, особено во услови на финансиски потешкотии и несолвентност;
  • се запознаат со правата, обврските и механизмите за заштита кои произлегуваат од менаџерските договори и добрите практики во корпоративното управување;
  • ги идентификуваат клучните ризици кај трговските, IT и AI договорите и ќе добијат насоки за нивно ефективно управување;
  • добијат практични знаења за меѓународната трговија, примена на Incoterms и CISG, како и користење на електронски документи во согласност со дигиталната регулатива;
  • добијат одговори на конкретни прашања преку анализа на реални примери и судска пракса. 
АГЕНДА:
 
СЕСИЈА I - 10:00 – 11:00

Одговорност на топ менаџмент и органи на управување

Фокус: лична одговорност, ризик-менаџмент и заштита на управата;

  • Фидуцијарни обврски и деловна проценка (business judgment rule);
  • Лична и солидарна одговорност на CEO, управители и членови на управа;
  • Одговорност при финансиски потешкотии и несолвентност;
  • Одговорност кон друштвото, доверителите и трети лица;
  • Судска пракса и практични сценарија со висок ризик;
  • Улога на CFO и Head of Legal во превенција на одговорност.
 

СЕСИЈА II - 11:00 – 12:00

Менаџерски договори и корпоративно управување

Фокус: договорна позиција на менаџментот и корпоративна контрола

  • Надлежности и одговорности на органите на управување;
  • Менаџерски договор vs. работен однос – правни и финансиски импликации;
  • Клучни клаузули:
    • бонуси и варијабилно наградување;
    • раскин и заштитни механизми;
    • non-compete и конфликт на интереси;
  • Пристап до доверливи информации и одговорност;
  • Улога на Corporate Secretary во корпоративна усогласеност.
 

Пауза за ручек - 12:00 – 12:30

 

СЕСИЈА III - 12:30 – 13:30

Трговски, IT и AI договори – управување со ризик

Фокус: договори со највисок комерцијален и финансиски ризик

  • Неисполнување, раскин и договорни казни;
  • Лимитирање на одговорност и indemnity клаузули;
  • SaaS и IT договори – оперативни и правни ризици;
  • Вклучување на AI во деловни процеси и договори:
    • кој одговара за резултатите;
    • распределба на ризик;
  • Улога на Legal и Finance во договорно одобрување.
 
Пауза - 13:30 – 13:45
 
СЕСИЈА IV - 13:45 – 15:30

Меѓународна трговија и дигитална регулатива

Фокус: прекугранично работење и дигитална трансформација

  • Incoterms и распределба на ризици во меѓународна трговија;
  • CISG – кога важи и зошто често се занемарува;
  • Практични разлики меѓу домашни и меѓународни договори;
  • Нови трендови кај Incoterms и транспортни обврски;
  • Закон за електронски документи и електронска идентификација;
  • Електронски потпис и доверливи услуги во корпоративна пракса;
  • Заклучоци и Q&A;
  • Евалуација на семинарот;
  • Доделување на сертификати.
 

Предавач: м-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.

 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

·        работен материјал доставен електронски;

·        ручeк, кафе и освежување;

·        сертификат за присуство на семинарот.   

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 26.01.2026 година.

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074         

beti@mchamber.mk      

Календар на настани

Дводневен семинар на тема: „СКЛУЧУВ...

23.05.2025 - 24.06.2026