„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.09.2025 - 19.11.2025 , деловни средби
Сараево
Стопанската комора во партнерство со Адриатик бизнис академија и Глобал бизнис конекшн, е дел од организацијата на Ексклузивниот регионален настан: Приватни трговски марки во малопродажба - Private Label u FMCG!, кој се одржува на 18 и 19 ноември 2025 година, во Сараево и ги обединува водечките производители и трговски ланци од регионот на Западен Балкан и Европа, а учество на настанот земаат и производители од Турција, Унгарија, Полска и Италија – идеална прилика за размена на идеи и потпишување на конкретни бизнис зделки.
Настанот нуди: најнови трендови во развојот и позиционирање на приватните трговски марка; дискусија и предавања на експерти и стручњаци одрегионот и светот; најдобри практики од регионот и Европа; директни Б2Б состаноци со производители и трговци;
✔ Директен пристап до клучните партнери и лицата кои ги носта одлуките;
✔ Претставување на своите производи, потреби и истражување на можностите за соработка;
✔ Ефикасно користење на времето преку однпаред закажани, фокусирани состаноци;
✔ Вмрежување со водечки компании од регионот и странство
За производителите, организаторот обезбедува 12 Б2Б состаноци со деловни партнери, (маса за изложување на производи и рекламни материјали), 2 ноќевања со појадок за 2 лица, 2 котизации за конференција, ручек, кафе и сокови за време на настанот. Редовната цена за учество е 2.500 евра за двајца учесници, но преку пријавување на Стопанската комора присуството за две лица може да го обезбедите за 1.250 евра што е 50% од износот. Понудата важи за првите 10 пријавени прозводители
|
За трговците, организаторот обезбедува состаноци со деловни партнери, (2 ноќевања со појадок за 2 лица, 2 котизации за конференција, ручек, кафе и сокови за време на настанот. Редовната цена за учество е 350 евра за двајца учесници, но преку пријавување на Стопанската комора присуството за две лица може да го обезбедите за 250 евра. Капацитетот е ограничен, затоа резервирајте го вашето место на време. Доколку сте заинтересирани за учество, треба да нè известите до 20 октомври, со можност да го чуваме вашето место до 24 октомври 2025 година. |