„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
28.04.2025 - 21.05.2025 , деловни средби
Виена, Австрија
Стопанската комора на С. Македонија, во соработка со Австриската агенција за промоција на истражувањата, Австриската стопанска комора, Advantage Austria-организација за унапредување на трговијата на Австриската федерална стопанска комора, Виенската деловна агенција и Виенскиот Универзитет за технологија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве покануваат да учествувате на хибридни деловни средби: „8th International B2B Software Days 2025“-Тhe Future of Digital Busines”.
На настанот предвидено е да учествуваат над 1000 учесници пред кои ќе бидат презентирани над 20 тематски работилници, експертски совети за идеи и предизвици. Агендата за тематските работилници можете да ја погледнете на следниот линк: https://2025.b2bsoftwaredays.com/components/46562
Истиот е насочен кон компании и институции за истражување и развој кои бараат технолошка, истражувачка и деловна соработка и претставува одлична можност за воспоставување на контакти со потенцијални партнери и промоција на деловни понуди и барања преку австрискиот пазар. Оваа година партнерска земја на тимот е Франција.
Учеството на настанот е бесплатно. Работен јазик е англискиот. Регистрацијата е отворена до 21 мај 2025 година на следниот линк: https://2025.b2bsoftwaredays.com/signup.