„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.03.2025 - 27.03.2025 , Работилница
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4, 5-ти кат
Стопанската комора на Северна Македонија на 27 март 2025 година во соработка со Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА – законски обврски, осигурување, евиденција, пракса.
Несреќите при работа претставуваат значаен предизвик за работодавачите и работниците, бидејќи истите имаат директно влијание врз здравјето, безбедноста и продуктивноста во работењето. Законските регулативи налагаат прецизни процедури за пријавување и евиденција на несреќите и истовремено ја актуелизираат потребата на работодавачот за осигурување на вработените со цел заштита на нивните права и подобрување на условите за работа.
За таа цел го организираме семинарот на тема: НЕСРЕЌИ ПРИ РАБОТА – законски обврски, осигурување, евиденција, пракса, каде учесниците ќе добијат подетални сознанија за процедурите поврзани со несреќите при работа, нивното пријавување, водењето на евиденција и осигурувањето на вработените и останатите прашања поврзани со повредите на работното место.
Семинарот има за цел да ги запознае учесниците со актуелните законски обврски и практични решенија за ефикасно справување и управување со несреќите при работа. Преку анализа на постоечките предизвици и добри практики, учесниците ќе се стекнат со знаења за подобрување на безбедноста при работа и заштита на вработените.
Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските коипроизлегуваат од Законот за БЗР и решенија за дадени ситуации.
- Законски обврски на работодавачот и вработените во случај на повреда при работа; - Евиденции на повредите при работа; - Осигурувања во случај на повреди при работа;
- Практични примери.
|
Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал доставен електронски;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 24.03.2025 година.