„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ АЛАТКА НАМЕНЕТА ЗА ДОБИВАЊЕ ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ПРИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СЕРТИФИКАТОТ ЗА СООБРАЗНОСТ ОЗНАКА „CE“

26.11.2024 - 10.12.2024 , Обука

Стопанска комора на Северна Македонија сала 4, 5-ти кат 10:00 – 12:30 часот

 Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во рамките на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој се спроведува во партнерство со Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), ве поканува да учествувате на претстојната еднодневна бесплатна

 

Обука за користење на новоизработената алатка наменета за добивање детални информации при имлементација на сертификатот за сообразност – ознака CЕ.

 

Ознаката CE претставува гаранција дека производот е произведен во согласност со сите суштински барања од директивите на Европската Унија што важат за него и дека е извршена оцена на сообразноста за да се докаже усогласеноста со суштинските барања. Ознаката CE на производот покажува дека е тој во согласност со сите суштински барања од сите директиви на ЕУ што се применуваат за тој производ.

 

Целта на обука е да ги подготви компаниите за користење на алатката која ќе ги води низ процесот на утврдување дали нивните производи ги исполнуваат регулативите на ЕУ, заштедувајќи им време и ресурси за обезбедување на потребните сертификати.

Дополнително, во рамките на оваа платформа, малите и средни претпријатија ќе бидат поддржани во процесот на CE-означување, кој води кон подобро усогласување со барањата од единствениот пазар на ЕУ во однос на CE-ознаката. Платформата ќе им овозможи на компаниите ефикасно да се движат низ целокупниот процес на сертификација, со што дополнително ќе се намалат бариерите за слободно движење на производите опфатени со ознаката за сообразност, ќе се зајакне извозниот потенцијал и ќе се подобри конкурентноста на глобалната сцена.
 
Обучувачи: 

 Наталија Јовичич Жарич - Director Management Systems Consulting at Simplify Consulting

Бесплатната обуката ќе се реализира на 11 декември 2024 година (среда) во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на петти кат.

 
Ве молиме своето присуство на обуката навремено да го пријавите најдоцна до 6.12.2024 година (петок) со доставување пополнет пријавен лист кај лицата за контакт. 

Контакт лица:

Сашка Велков,
Тел. + 389(2) 3 244-054
 
 

м-р Сања Николова
Мобилен: 071 230 452
Е-адреса: sanja@mchamber.mk