„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА – ISO 45001:2018 –

21.10.2024 - 12.11.2024 , Семинар

он-лине

Стопанската комора на Северна Македонија на 12 ноември 2024 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА – ISO 45001:2018  .

Покрај тоа што лошите и небезбедни услови за работа може да предизвикаат трагични последици по животот на работниците, кои не се однесуваат само на оние кои доживеале повреда, туку и на нивните семејства, ваквите случаи имаат и драстично негативно влијание врз компаниите или организациите, имајќи предвид дека во тој случај се обврзани да плаќаат исклучително високи парични надоместоци на повредените работници или нивните семејства, не сметајќи го негативниот публицитет што се создава во вакви ситуации и генерално лошата слика што ја добиваат кај своите клиенти, партнери или потрошувачите.

Придобивките и предностите кои организацијата може да ги постигне со воведување на системот за управување со здравјето и безбедноста при работа ISO 45001:2018 се: Намалување на бројот на потенцијални несреќи и повреди при работа; Здравствена заштита на вработените; Поголемо задоволство на вработените; Заштита на вработените; Усогласеност со законските прописи од областа на здравјето и безбедноста при работа; Пониски премии за осигурување; Зголемена одговорност на вработените.

Придобивки од семинарот:

• Стекнување со стручни знаења за основите на СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ISO 45001:2018 ;
• Стекнување со неопходно знаење за водедење на OH audit -  Occupational healt тимот за професионално здравје;

• Да се разбере како функционира Систем менаџментот за безбедност за вработените во согласност со ISO 45001;

• Да се разбере односот помеѓу Системот за управување со безбедноста на вработените, вклучувајќи ги процесите на управување и усогласеноста, и барањата на различните засегнати страни (акционери) во организацијата;

• Да се подобри способноста за анализа на внатрешната и надворешната средина на организацијата, да се проценат ризиците и да се донесуваат ревизорски (audit) одлуки во контекст на OH audit -  Occupational healt тимот за професионално здравје;

• Ќе се стекне потребното знаење како да се имплементира ISO 45001:2018 СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за:

-        Професионалци кои се занимаваат со проценка на ризикот на работната средина, членови на тимот и стручни лица за безбедност и здравје при работа, интерни аудитори за ISO 45001, проект менаџери,  или сакаат да се стекнат со нови знаења, вештини и за методи и техники за проценка на ризикот;

-        Технички експерти кои сакаат да се подготват за позиција внатрешен или надворешен ревизор за здравје и безбедност на вработените при работа. Вработени во професионални компании од областа на OHSAS;

-         Менаџери кои работат во областа на безбедноста;

-         Менаџери за квалитет, екологија, безбедност при работа, безбедност на информации и слично;

-        Технички стручњаци  односно вработени скои се занимаваат со стандарди за квалитет, безбедност и здравје при работа како и останати кои се заинтерсирани за оваа проблематика.

ПРОГРАМА

v Термини и дефиниции ISO 45001:2018 - Системот за управување со здравјето и безбедноста при работа;

v Контекст на организацијата;
v Лидерство во БЗР тимот;
v Планирање:

- Идентификација на опасности и проценка на ризици и можности;

- Утврдување на законски барања и други прописи;

- OH &S цели и планирање на нивно остварување.
v Поддршка;
v Реализација на оперативните активности:

- Планирање и управување при реализација на оперативните активности;

- Елиминирање на опасностите и намалување на ризиците за OH&S;

- Подготвеност за реагирање со вонредни ситуации и соодветно справување со истите;

v Вреднување и подобрување на перформансите и резултатите.
Предавач:


- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи, директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 9001:2015; ISO 45001:2018; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.

Акредитиран експерт - обучувач од PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Canada) со повеќе од 200 обуки од областа на системи за управување, безбедност на информации, проценка на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ) и член на Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност (САМКБ)

 

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

 

Работен јазик: српски

За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:

 

-       Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;

-       Електронски работен материјал;

-       Електронски сертификат за присуство на семинарот;

-       Потврда со 10 бода..


Рок за пријавување: 8.11.2024 година.

 

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,          

телефон: 070 239 637              

beti@mchamber.mk      

Календар на настани