„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Дводневен „он-лајн“ семинар на тема: КОНЦЕПТ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК И ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОПШТИ ОПАСНОСТИ НА РАБОТА И РИЗИЦИ ОД НЕПОЧИТУВАЊЕ НА СТАНДАРДИТЕ -

03.09.2024 - 18.09.2024 , Семинар

он-лине

Стопанската комора на Северна Македонија на 17-18 септември 2024 година организира дводневен „он-лајн“ семинар на тема: КОНЦЕПТ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК И ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ - ОПШТИ ОПАСНОСТИ НА РАБОТА И РИЗИЦИ ОД НЕПОЧИТУВАЊЕ НА СТАНДАРДИТЕ.

Семинарот за управување со ризик и проценка на ризикот опфаќа различни аспекти и методологии кои се клучни за идентификување, проценка и контролирање на ризици.

Неколку клучни точки:

Идентификација на ризикот: Првиот чекор во управувањето со ризик е да се идентификуваат потенцијалните ризици кои можат да влијаат на организацијата или проектот. Ова вклучува идентификување на сите можни извори на ризик, без разлика дали се еколошки, технолошки, финансиски или други.

Проценка на ризикот: По идентификацијата, веројатноста и потенцијалното влијание на секој ризик се проценуваат. Овој чекор вклучува анализирање на податоци и информации за подобро разбирање на врската помеѓу ризиците и нивните ефекти.

Контрола на ризикот: Последниот чекор е да се имплементираат мерки за контрола на ризикот, кои може да вклучуваат намалување на веројатноста за појава на ризици или ублажување на нивните последици.

Придобивки од семинарот:

• Примена на важечките стандарди и основни алатки во процесот на проценка на ризикот како составен дел од управувањето со ризик на организацијата;

• Разбирање на внатрешниот и надворешниот контекст на проценката на ризикот со цел ефикасно да се комуницира и координира процесот на проценка на ризикот и управување со истиот;

• Усвојување на клучните техники во анализата на ризикот;

• Идентификување на факторите кои се важни за подобрување на процесот на управување со ризик во контекст на промените што се случиле;

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за професионалци кои се занимаваат со проценка на ризикот на рабтната средина или сакаат да се стекнат со нови знаења, вештини и за методи и техники за проценка на ризикот, односно вработени скои се занимаваат со стандарди за квалитет, безбедност и здравје при работа како и останати кои се заинтерсирани за оваа проблематика.

ПРОГРАМА
• Управување со ризик: концепт и поим;

• Регулативи и меѓународни стандарди за управување со ризик – ISO 31000,   ISO 27005 и останати стандарди поврзани со ризици на работно место;

• Процеси на управување со ризик;
• Проценка на ризикот: Методологија за проценка на ризикот - ISO 31010;
• Клучни техники за проценка на ризикот;

•Систематски пристап и практика во процесот на управување со ризик.

Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи, директор на PDCA KONSALTING, ДОО Нови Сад, водечки стручен консултант за проектирање и имплементација на ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO/IEC 27001:2013; ISO 20000-1:2018; ISO 22301:2012; ISO 31000:2018; ISO 37001:2016, GDPR во повеќе организации во Србија, Црна Гора и БИХ, воедно и менаџер за проценка на ризик во работењето на основа на ISO 31000. Поседува 15 годишно искуство како директор на логистика во различни организации (Застава промет Сомбор – автомобилска индустрија), Генел – бренд Хаусел и застапник на Elektrolux, Zannusi, Indesit уреди за Србија, STAV – овластен дистрибутер Samsung за Србија и Црна Гора.

Работен јазик: српски

За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:

 

-       Линк за приклучување на обуката преку платформата Webex Cisko;

-       Електронски работен материјал;

-       Електронски сертификат за присуство на семинарот.


Рок за пријавување: 13.9.2024 година.

 

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,          

телефон: 070 239 637              

Календар на настани