„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Македонска Транспортна Асоцијација - МТА

Со цел ефикасно остварување на целите и потребите на давателите и корисниците на транспортните услуги, во Стопанската комора на Македонија на 01.03.2012 година се формираше Македонската Транспортна Асоцијација (МТА). Оваа Асоцијација, како единствена од ваков вид организациона форма на делување во Р. Македонија, покрај давателите на транспортните услуги од железничкиот, авионскиот, патниот и поштенскиот сообраќај, ќе ги обединува и корисниците на транспортните услуги, кои ќе дадат свој придонес во насока на развој на транспортот согласно потребите на извозно ориентираните компании.

Формирањето на оваа Асоцијација е пред се` здружување на фирмите кои оперираат во оваа област, со цел да се надминат проблемите при работењето како и давање мислења, сугестии и решенија за одредени законски прописи, како и унапредување и развој на дејноста.

Дел од активностите на Асоцијацијата ќе бидат насочени кон потребата од либерализација на услугите во железничкиот сектор, потребата од унапредување на квалитетот на железничката услуга, носење на соодветна регулатива за комбинираниот сообраќај, развој на мултимодалните јазли за меѓусебна поврзаност и претовар на транспортираната стока како услов за функционална и ефикасна транспортна логистика, како и прашањата за транспортната инфраструктура. Во таа насока, Асоцијацијата ќе ги разгледува и можностите за носење на стратегија која ќе услови развој на мултимодалниот концепт и транспортен систем во Република Македонија.

Претседател на Асоцијацијата е Иван Петровски од Фершпед АД Скопје, а подпретседатели се Јане Адамчески од Макстил, компанијата која е една од најголемите корисници на транспортни услуги и Кире Диманоски од Македонски Железници Транспорт АД Скопје, моментално единствен давател на железнички услуги во земјата. 

⮞ Иван Петровски Претседател,  Претседател, ФЕРШПЕД, Скопје

⮞ Јане Адамчевски,  Заменик претседател, МАКСТИЛ, Скопје

Македонската транспортна асоцијација во расправа за состојбите со протокот на стоките по коридорите 8 и 10 - СО СИЛНО ВЛИЈАНИЕ И АКТИВНА ВКЛУЧЕНОСТ НА РЕЛЕВАНТНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И БИЗНИСОТ ВО РЕГИОНОТ Е МОЖНО НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ  (Повеќе)

Македонската транспортна агенција и Агенцијата за храна и ветеринарство со заеднички решенија - ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА СТОКИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ  (Повеќе)

Записник од одржана седница на Македонската Транспортна Асоцијација на 12.04.2013 година  (Повеќе)

Записник од одржана седница на Македонската Транспортна Асоцијација на 20.02.2013 година  (Повеќе)

Заклучоци од средбата на царинските и преку граничните инспекциски служби и стопанствениците од Република Македонија и Република Грција на граничниот премин Евзони / Богородица Гевгелија, 10 декември 2012 година  (Повеќе)

Записник од одржана седница на Македонската Транспортна Асоцијација на 15.10.2012 година  (Повеќе)

Правила за организација на Македонската Транспортна Асоцијација (Повеќе)

Записник од конститутивна седница на Македонската Транспортна Асоцијација одржана на 01.03.2012 година  (Повеќе)

Записник од одржана седница на Македонската Транспортна Асоцијација на 20.04.2012 година  (Повеќе)

Записник од одржана седница на Македонската Транспортна Асоцијација на 08.06.2012 година  (Повеќе)

Македонската Транспортна Асоцијација - МТА при Стопанската комора на Македонија на 20 април 2012 година одржа јавна расправа по Предлог – Законот за изменување и дополнување на Законот за железнички систем.

Во конструктивна и обемна расправа, а во насока на подобрување на одредени законски решенија, компаниите доставија писмени предлози, кои сублимирани, ги сочинуваат следните конкретни предлози.  (Повеќе)


Контакт лице: Билјана Пеева-Ѓуриќ
Оперативен директор за претставување на членките и вмрежување

Телефон: + 389 2 3244034
Мобилен: 072 236 710
Е-адреса: biljana@mchamber.mk