„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Асоцијација за здравство

Асоцијацијата за здравство при Стопанската комора на Македонија, основана на 30 март 2011 година, делува како посебна форма на организирање на заинтересираните домашни и странски правни лица, членки на Стопанската комора на Македонија, кои во својата стопанска дејност вршат активности во: производството, увозот, прометот и користењето на фармацевтски производи, медицински помагала и медицинска опрема и вршат здравствени услуги во приватни здравствени установи.

Основачи на асоцијацијата се претставници на: производителите на фармацевстки производи, најголемите дистрибутивни ланци на лекови – веледрогериите, претставници на трговија со лекови на мало, производители на хербални лекови, застапен е сегментот на дијагностика и лаборатории и што е особено значајно- приватните здраствени установи кои зеземаат значајно место во здравствениот систем во државата.

Преку дијалог помеѓу членките на асоцијацијата, развивање на соработка со другите стопански, професионални и општествени организации, соработка со централната и локалната власт, вклучувајќи дебати по предлог закони и подзаконски акти како и соработка со потрошувачите и корисниците на услугите Асоцијацијата ќе ги следи и ќе помага во економскиот дел од живеењето на стопанските субјекти. Во реализација на зацртаните цели и активности, таа ќе оствари тесна соработка со стручните еснафски организцаии, коморите на фармацавети и на лекари во функција на оставрување на целите и интересите од заеднички интерес, односно унапрдување на здравствената дејност.

Претседател на Асоцијацијата за здравство е Владимир Индов од Алкалоид АД – Скопје.  


⮞ Владимир Индов,  Претседател, АЛКАЛОИД, Скопје


Контакт лице: Сашо Деспотоски
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба Работи на формирање, вршење на активности за потребите на Аналитички центар на Стопанската комора на Северна Македонија

Телефон: + 389 2 3244089
Е-адреса: saso@mchamber.mk