Безготовинското плаќање во Шведска ја прави прво безготовинско општество во светот
➢ Актуелно (17.09.2020)
👁 Прочитано: 920



Безготовинското плаќање во Шведска ја прави прво безготовинско општество во светот

Безготовинското плаќање во Шведска веќе подолг период е начин на плаќање, а монетите и банкнотите не се омилено средство за плаќање. Кризата со корона вирусот само го зголеми трендот на безготовинско плаќање. Сите монети и банкноти што се во оптек во Шведска се само еден отсто од бруто домашниот производ. Петтина од Швеѓаните од вкупно 10 милиони жители колку што живеат во Шведска, не користат банкомати за вадење пари во готово. Повеќе од 4.000 Швеѓани имаат имплантирано микрочипови во нивните раце, со што им овозможува да плаќаат за патување и храна, или пак да влегуваат без клучеви во своите канцеларии, само со придвижување на раката. Рестораните, автобусите, паркиралиштата, па дури и плаќањето на тоалетите е со картичка.

Дигиталното плаќање со картичка или мобилна апликација се широко прифатени од многу Швеѓани, па дури и на своите деца им овозможуваат да плаќаат со картички.

Но покрај предностите, безготовинското плаќање, кое е побрзо и го спречува перењето пари, затајувањето данок, има и недостатоци на кои укажува и Народната банка на Шведска (Риксбанк), како што се сајбер нападите.

Служба за информирање при Комората