„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.11.2025 - 24.11.2025 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат
Брзото и динамично бизнис опкружување во кое дигиталните технологии заземаат се поголем уддел во обавувањето на секојдневните задачи, ја наметнува потребата од нов сет на знаења и вештини кои ќе влијаат врз зголемување на продуктивноста и ефикасноста на вработените во остварувањето на секојдневните работни задачи.
Во насока на приближување на дигиталните вештини до секоја компанија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Семос Едукација, на 25 и 26 ноември2025 година ја организираат обуката: „Паметна регрутација: Моќта на АИ во изборот на таленти“
Оваа обука е наменета за HR професионалци, регрутери, менаџери, сопственици на компании кои сакаат да го трансформираат процесот на регрутација преку вештачка интелигенција (AI). Ќе научите како да користите AI алатки за пребарување, селекција, комуникација и евалуација на кандидати, како и да изградите етички и ефикасен процес на вработување.
Обуката претставува прв чекор за сите кои сакаат да го разберат потенцијалот на AI во човечки ресурси и да го применат во секојдневните активности за регрутација.
Модул 1: Вовед во AI во регрутација
Ќе дознаете што е AI во регрутација, кои се придобивките и трендовите во индустријата.
Модул 2: AI во пребарување и селекција на кандидати
Ќе научите да користите алатки како LinkedIn Recruiter, HireEZ и Loxo AI, да креирате точни prompt-и, да анализирате CV и мотивациски писма и да оптимизирате LinkedIn профили.
Модул 3: Етика и пристрасност
Ќе разберете како да избегнете пристрасност, да обезбедите правичност и GDPR усогласеност при користење на AI.
Модул 4: AI за брендирање на работодавач
Ќе научите да креирате огласи, содржини за социјални мрежи и комуникациски материјали со помош на ChatGPT, Canva и Jasper.
Модул 5: AI во комуникација со кандидати
Ќе видите како да користите chatbots, автоматско закажување интервјуа и персонализирани пораки.
Модул 6: AI во евалуација на кандидати
Ќе научите да користите видео интервјуа, автоматско рангирање и скорови преку алатки како HireVue и myInterview.
Модул 7: Градење AI заснован процес на регрутација
Ќе добиете насоки за креирање целосен процес – од пребарување до финална селекција.
Модул 8: Иднината на AI во HR
Ќе дискутираме за трендовите, предвидувањата и компетенциите кои ќе бидат потребни во иднина.
За следење на оваа обука, учесниците е пожелно да имаат предзнаења од:
- Основно разбирање на HR процеси
- Основно познавање на дигитални алатки
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 24.11.2025 година.
Местата се ограничени, а принципот на пријавување е: прв пријавен – прв услужен.