Живко Мукаетов: Треба да водиме многу повеќе грижа за нашето здравје и здравјето на нашите најмили бидејќи ваквите времиња покажуваат колку е важно тоа
➢ Актуелно (29.07.2020)
👁 Прочитано: 8043



Живко Мукаетов: Треба да водиме многу повеќе грижа за нашето здравје и здравјето на нашите најмили бидејќи ваквите времиња покажуваат колку е важно тоа

Генералниот директор на Аклалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, за Рес публика вели дека пандемијата го промени односот кон семејството и тоа на подобро. На луѓето им даде време повеќе за разговор и да се грижат едни за други. За бизнисите пак, вели дека ги натера да се прилагодуваат, особено кон неизбежната дигитализација.

Мукаетов во изјавата за Рес публика истакнува дека е потребно  да се прилагодиме на еден нов начин на функционирање, на еден нов начин на живеење во сите свери. Во изјавата подвлекува "Сметам дека научивме дека треба да бидеме многу посвесни, многу поодговорни и за себе и за останатите. Треба да водиме многу повеќе грижа за нашето здравје и здравјето на нашите најмили бидејќи ваквите времиња покажуваат колку е важно тоа".

Подвлекува дека е факт, дигитализацијата која доаѓаше бевме принудени сега многу побрзо да ја прифатиме и очигледно е дека нема така лесно да може од неа да се одвоиме и тоа треба да биде една комбинација на она што било начин на работење до сега и отсега и таа ќе биде една дополнителна можност уште повеќе да се развиваме и да бидеме конкурентни.

Живко Мукаетов воедно е потпретседател на Стопанската комора на Македонија, а компанијата со која раководи Алкалоид АД Скопје е долгогодишна членка и покроивител на Стопанската комора на Македонија и активно е вклучена во работата на органите и телата во Комората.

 

Служба за информирање при Комората