Шведски компании во потрага по партнери од земјава - КООПЕРАНТИ ЗА БИЗНИС СО ПОШТЕНСКИ САНДАЧИЊА ВРЕДЕН 140 МИЛИОНИ ЕВРА
➤ Актуелно (01.10.2009)
👁 Прочитано: 510



Шведски компании  во потрага по партнери од земјава -  КООПЕРАНТИ ЗА БИЗНИС СО ПОШТЕНСКИ САНДАЧИЊА ВРЕДЕН 140 МИЛИОНИ ЕВРА

     Шведски компании се во потрага по партнери од Република Македонија за производство на поштенски сандачиња. Согласно ЕУ директивите, Шведска има обврска во наредните пет години да постави 1,5 милион поштенски сандачиња во влезовите на колективните стамбени згради. Бизнисот е  вреден 140 милиони  евра.

 

 


     Заради запознавање со деловниот амбиент и можност за воспоставување на кооперантските односи со македонските фирми, Стопанската комора на Македонија ја посетија  Надер Лалиниа, претседател на Шведската асоциација за меѓународната трговија,  Олег Застенкер, преставник на Шведскиот совет за извоз и  неколку шведски компании кои ќе бидат ангажирани во производството на поштенските сандачиња (1 октомври 2009 година).  Шведските бизнисмени, во придружба на представникот на Агенцијата за странските инвестиции, изразија потреба од логистичката подршка од страна на  Комората во воспоставувањето на производството и поврзување со локалните производни компании -  членки на најстарата и најголемата деловна асоцијација во земјава.