НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 16.09.
➢ Актуелно (16.09.2020)
👁 Прочитано: 258


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 16.09.
16.09.1810 година, со масовно оружено востание на селаните, предводени од Мигел Идалго и Хосе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од Шпанија. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која била шпанска колонија од 1519 година.
16.09.1886 година,  роден е Ханс Арп или Жан Арп, германско-француски сликар и скулптор.
16.09.1925 година, роден е Би Би Кинг, американски блуз-гитарист.
16.09.1959 година, францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување.  
16.09.2010 година, НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“, во чест на истоименото езеро во југозападна Република Македонија.
Служба за информирање при Комората