СЕ НАМАЛУВААТ ЦАРИНИТЕ ЗА СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, МАСКИ И РАКАВИЦИ, А ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ДЕЗИНФИЦИЕНСИ СЕ ВКЛУЧУВААТ И ВИНАРИИТЕ И ДЕСТИЛЕРИТЕ

   

АКТУЕЛНО / 23.03.2020
👁 Прочитано: 602


СЕ НАМАЛУВААТ ЦАРИНИТЕ ЗА СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, МАСКИ И РАКАВИЦИ, А ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ДЕЗИНФИЦИЕНСИ СЕ ВКЛУЧУВААТ И ВИНАРИИТЕ И ДЕСТИЛЕРИТЕ

По предлог на Министерството за економија и на Царинската управа, Владата ќе донесе автономна мерка за ослободување на плаќање на царина за суровини, материјали и опрема за медицински цели.
“Од плаќање на царина  ќе бидат ослободени средствата за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила и медицинска опрема”,  информираше директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на денешната заедничка конференција со министерот за транспорт Горан Сугарески.
За олеснување на снабдувањето на здравствените објекти со етил алкохол, како и олеснување на етил алкохолот до компаниите кои се занимаваат со средства за дезинфекција, побарала Царинската управа на РСМ.

Со цел олеснување на регистрацијата  на економските субјекти кои користат етил алкохол на предлот на Царината побарани се итни измени на законската регулатива која го регулира издавањето на одобренијата за акцизно повластено користење за етил алкохол кој се користи во аптеките или компаниите кои произведуваат средства за дезинфекција. Обврската се одложува во траење на шест месеци. Царинската управа во интерес на брза испорака на етил алкохолот до болниците и аптеките ги ослободува дистрибутерите иматели на акцизни складови од дополнително евидентирање на движењето на пратките со етил алкохол во електронскиот систем на Царинската управа, со што се одлободуваат од дополнителни постапки во овој период. Болниците, здравствените установи и аптеките ќе можат непречено да нарачуваат и набавуваат етил алкохол без дополнително во периодот на вонредна состојба да се евидентираат во електронскиот систем на Царинсата управа. За спроведување на оваа мерка се подготвуваат посебни дополнителни упатства”, информираше Танасоски.

Исто така Царинската управа по барање на компаниите кои произведуваат вински дестилат алкохол со јачина помеѓу 60% и 70%, ќе предложи на Министерството за здравство доколку квалитетот и составот на алкохолот го дозволува тоа, истиот да почне да се произведува и дистрибуира за медицински цели или за производство на средства за дезинфекција.
Танасоски информираше дека движењето на стока продолжува непречено да се спроведува и дека се преземени сите  мерки за олеснување на царински постапки при увоз и извоз.

“Имено, за времетрање на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамките на транзитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и заедничко извозно- транзитна постапка.  Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во транзит и поедноставена постапка локално царинење при увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за времетрање на полицискиот час.
Ова ослободување од ограничување важи за следните царински испостави: Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија. Во случај на контрола од страна на припадниците на МВР за правилна примена на ова ослободување за сите нејаснотии ќе го контактира дежурниот оперативен центар на Царинска управа на 197”, вели Танасоски.

Царинската управа,  по почетокот на пандемијата  Ковид 19 по службена должност ги продолжи роковите на важење на одобренија за поедноставени царински постапки, со што, потенцираше Танасоски, компаниите треба да бидат сигурни дека и понатаму можат да ги користат постапките на локално царинење на извоз и увоз.  Постапката за целосно бесхартиено извозно царинење што почна во дел од испоставите минатата недела, треба да се прошири и во сите царински испостави.
Танасоски исто така информираше дека по согласноста од банките, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи и рокот на важење на банкарските гаранции кои истекуваат до 30 јуни.

Тој информираше дека во рамки на ЦЕФТА, заедно со Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договораат  протоколи за лесно и безбедно движење на стоките. Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно  зелен и син канал за побрз проток на определни стоки и олеснување на транспорт и до среда треба да биде договорен списокот на стоки кои ќе се движат по овие канали.

Превземено од: Извоз.мк