ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРЕДБИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРЕДБИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА

По состанокот со домашните дистрибутери и претставниците и на големите маркети, одржан на 17.03.2020 година, денес во министерството за економија, на иницијатива на ресорниот министер беше одржан состанок со претставници од прехранбената индустрија. На истиот, учество земаа претставници од поголемите компании од овој сектор, како и министерот за економија, министерот за финансии, директорот на Царинската управа и директорот на Државниот пазарен инспекторат.

На состанокот беше потенцирано дека во однос на резервите со храна, нема позначајни проблеми, кои би предизвикале драматичен недостиг на основни прехранбени продукти. Притоа, на состанокот беше утврдено дека резерви на рафинирано масло имаме за околу 3 месеци, што значи дека нема потреба од укинување на царински стапки за увоз на истото. Ваквата одлука би им наштетила на домашните производители кои сметаат дека ваквата иницијатива е од шпекулативна природа.

Мелничко пекарската индустрија има залихи од пченица за повеќе од еден месец (без државните резерви), а дополнително, доколку Владата договори увоз на одредени контигенти на брашно од Србија, не се очекуваат позначајни нарушувања во овој сектор.

Месопреработувачите, исто така истакнаа, дека имаат доволни залихи, но побараа продолжување на автономната мерка за бесцарински увоз на смрзнато свинско месо, бидејќи истата е сеуште во важност, но се исцрпени количините кои им беа определени.

Автономни мерки побараа и претставниците на кондиторската индустрија за увоз на шеќер и јајца во прав.

На состанокот се дискутираше и за тоа, како би се функционирало во услови доколку помасовно се прошири болеста, при што се заклучи дека протоколите кои се во функција на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, би се примениле, проширени и надградени, и во другите региони, односно на целата територијја на државата. Воедно, појаснувања беа дадени во делот  како ќе функционираат заштитните мерки за превозниците и најавија дека за ова ќе има официјален Протокол донесен од страна на Владата.

Во врска со превозниците, се разгледува можноста да се издаваат одобренијата на граничните премини (а не само во Скопје, како до сега).

Васко Ристовски

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија