„МАРГАРИТКА БЕЛА“ – КОМПАНИЈА УСПЕШНА ВО КИЧЕВСКИОТ РЕГИОН

   

👁 Прочитано: 236


„МАРГАРИТКА БЕЛА“ – КОМПАНИЈА УСПЕШНА ВО КИЧЕВСКИОТ РЕГИОН

Kомпанијата „Маргаритка Бела“ од Кичево е приватна и на локално ниво  семејна компанија, основана во 2015 година, чија дејност е трговија на мало со леб, печива, колачи и слатки, која е членка на Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија.

Компанијата е специјализирана за производство на голем број различни видови на бели печива и бурек, препознатливи на кичевскиот пазар, а својата дејност по една година работа во 2016 година ја зголемува и со работилница за слаткарски производи, како колачи и слатки, свечени торти за родендени и за  свадби во свежа состојба, кои се побарувани на пазарот.

При посетата на компанијата, остварена е средба со сопственичката Александра Блажеска, која информираше дека компанијата произведува квалитетни производи кои се пласираат во свежа состојба, како резултат на следење и воведување на новини во производствениот процес, запазувајќи ги потребните стандарди за производство (Хасап и други).

Планот за во иднина е широк пласман на производите на домашниот и на странскиот пазар, со проширена палета на органски и диетални производи и со замрзнати печива.

Дијана Лазороска Јованоска